На кој начин падна третиот најбрз гол во историјата на Премиер

Го даде Кристијан Ериксен синоќа на големото дерби Тотенхем - Манчестер Јунајтед за 1:0, уште во 11-та секунда. Тоа е трет најбрз гол на сите времиња во Премиер лигата, а најбрз гол сезонава.

Најбрзиот гол во историјата на најдобрата англиска лига го даде исто играч на Тотенхем, некогашниот капитен Ледли Кинг на 9. декември 2000-та на мечот Тотенхем - Бредфорд Сити се радуваше после 9,9 секунди:

Алан Ширер го даде вториот најбрз гол во историјата на англиската Премиер лига. Против Манчестер Сити на 18. јануари 2003. година му требаа само 10 секунди: