Како најдобро да се искористи шумeстиот стадион на Победа

Со оглед на тоа што Амазон си иба мајката, а тоа донесе огромна загриженост бидејќи планетата загуби важен прочистувач на воздухот, редно време е Прилепчани да се откажат од домашен фудбал за доброто на светот. Пошто и онака го немаат.

Аустрија Клагенфурт која е дел од втората австриска лига донесе до сега невидена одлука во светот на фудбалот.

Се согласија да немаат домашни натпревари за да му помогнат на светот кој се бори со еден од најголемите проблеми на денешницата.

Клагенфурт нема да игра повеќе фудбал на својот стадион кој собира 32.000 публика, откако уметникот Клаус Литман засадил шума за да ја подигне свеста за климатските промени и уништувањето на шумите.

Можеби идејата за некого е нелогична, чудна или смешна, ама има доста потенцијал и кај нас. Па така на пример Кочанчани сметаат дека треба да се почне од стадионот на Победа Прилеп.

Таму страшната брзина со која се реновира стадионот, донесе ослободување на кислород со помош на мајка природа. Не им е потребен Клаус да сади.

7 септември 2019 - 11:13