Како Кулушевски во дрес на Македонија ја измеша одбраната на Србија

Многу ќе беше подруго сега да пишувавме наслови од типот: Македонскиот репрезентативец Дејан Кулушевски направи сензационален трансфер во Јувентус за 35 милиони евра на само 19 години, ама јебига. Останува само да утврдиме што дете сме испуштиле. Нека му е со среќа.

Најспоменуваното фудбалско име во Италија, па и пошироко е Дејан Кулушевски. Малиот е роден во Шведска, ама неговите родители се Македонци и плус играше за Македонија У-16 и затоа стои таа кнедла во грлото, дека можеше да игра за нас.

Но дали Дејан сам го одбра дресот на Шведска или ФФМ го испушти, за тоа немаме информации, но повеќе од јасно е дека испуштивме нов фудбалски бисер за кој Јуве ни два ни три, плати 35 милиони евра.

Погледнете го како мајсторски ја реши одбраната на Србија во дресот на македонската репрезентација.

За поквалитетна снимка одете на 1:30

На Црна Гора пак и даде четири комада, а два од нив ги има објавено на Инстаграм, исто и како соло продорот против Србите.

Дејан е член на Аталанта, а сезонава е на позајмица во Парма каде гази. Тој ги мина лекарските прегледи во Јуве на кој ќе му се приклучи по завршувањето на сезонава и ќе заработува по 2,5 милиони евра годишно. Каква плата за 19 годишник.

Во Торино беше пречекан како ѕвезда

Колку само јако ќе беше сега за овој трансфер да се пишуваше во поинакви околности, како Македонец кој игра за Македонија и да влезе во и онака опасната навала на нашиот национален тим заедно со “италијанското“ трио Пандев – Нестор – Елмас.

Но тоа е завршена работа и нема враќање назад, затоа преостанува само да се потсетиме на неговите голови за Македонија и моменти кога играл за нас, а и да видиме каде се движел по нашиве простори.

Фотографија во Охрид од каде Дејан има потекло. Го препозавте ли тој од неговата лева страна? Уште едно наше момче кое е во Јуве и кое избра да игра за Италија. Се работи за Никола Секулов кој е член на Јувентус У-19 и Италија У-19.

Тука се во Струмица од каде па потекнува Никола.

Му пишуваат дека личел на Еминем, а на Истаграм со него и со снајката се гордеат и баба му и дедо му.

Да се вратиме на фудбалскиот дел за него кој вреди да се погледне. Кулушевски го завршиот првиот дел од сезоната со 4 гола и 7 асистенции. Само Луис Алберто (11) од Лацио има повеќе асистенции од него.

3 јануари 2020 - 10:12