Како Глазгов Ренџерс се врати од пеколот?

Спасот на Ренџерс не е чудо, туку пример за тоа како некои прави вредности во фудбалот на крајот победуваат. Шкотскиот клуб вечерва во првиот меч од плејофот за Лига Европа ќе игра против рускиот клуб УФА на својот „Ајброкс“ со цел да се врати во еврокуповите.

Црните денови за Ренџерс почнаа во 2012 година.

Тогаш полицијата почнала да ја чешла документацијата во клубот како дел од истрагата против Крег Уајт којшто една година претходно ги купил мнозинството акции во клубот.

Долгот на Ренџер кон државата изнесувал 9 милиони фунти, а потоа станало јасно дека новиот сопственик има „нечисти раце“, многу долгови и финасиски блокади и немал права да се занимава со должноста директор во која било британска компанија.

Освен тоа, Уајт земал кредит од 28 милиони фунти а во залог го ставил славнио клуб.

Ренџерс поради финансиски проблеми падна во стечај и го исфрлија во третата дивизија (четврта по ред во хиерархијата на шкотскиот фудбал). Откако паднал „во пеколот“, Ренџерс го чекал долг пат низ чистилиштето и најтежок период во историјата на клубот.

Новиот сопственик Мајкл Ешли решил да зема за себе се што можел, па така и процент од продадени производи од фан-шопот. На заработка од 10 фунти за некој артикл, Ренџерс добивал само 75 пени.

Ешли е познат и како сопственик на Њукасл чии навивачи со години се борат против него и сакаат да го избркаат од клубот. Поради тоа што во истовреме бил газда и на Ренџерс и на Њукасл, властите во Шкотска не му дале да купи 29,9% од акциите на Ренџерс затоа што тоа би бил конфликт на интереси.

Новиот сопственик сакал дури и да го преименува легендарниот стадион „Ајброкс“ во Sport Direct Arena која е дел од неговата сопствена компанија. Протестот на навивачите го принудиле Eшли во јуни 2017 да си даде оставка.

Од тој момент се видела светлина на крајот од тунелот и започнала нова епоха во историјата на Ренџерс.

Во 2014 година Дејв Кинг го купил контролниот пакет акции, а 10,71% од акциите станале сопственост на обединетите навивачи во групата „Club 1872“ (година на основање на Ренџерс). Тие влегле во структурата на клубот и присуствувале на сите собири на акционерите. Актуелниот претседател на Дејв Кинг е роден во Јужна Африка но има шкотски корени. Во Ренџерс тој се вратил во пролетта 2015 (претходно бил во советот на директори до 2000-та кога се јавила кризата).

Тогаш на „Ајброкс“ се купувале многу сезонски карти за да му се помогне на клубот. Ренџерс на иницијатива на навивачите одлучил ониие кои имаат сезонски карти, а не можат да дојдат на некој натпревар, да можат да ги продаваат влезниците. Парите се слевале во клубот или клубот за следната сезона им одбивал од сумата за новите сезонски карти.

Сè се правело со единствена цел: Глазгов Ренџерс да се врати онаму каде му е место.

Почнале во сосема нов состав. Во преодниот рок клубот го напуштиле 20-ина играчи меѓу кои лидерите на тимот: Стивен Најсмит, Стивен Дејвис и Алан МекГреогр. Останале тренерот Али Мекојст (икона на клубот и коментарот на една од видео игрите FIFA), капитенот Ли МекКалох и стоперот Ли Волис. Во првиот тим биле прекомандувани неколку младинци и неколку слободни играчи.

И покрај обновениот состав, Ренџерс бил класа за аматерските противници. Во единствената сезона во четврта лига изгубиле само три пати и го освоиле првото место со 24 бода повеќе од второпласираниот. Во следната сезона во трета лига, Реџерс имал 33 побед, освоил 102 бода и на вториот му избегал цели 39 бода.

Но во тој период имало и негативни моменти затоа што тогаш 3,9% од акциите па набрзо уште 5% купил Мајкл Ешли кој со 8,9% од контролниот пакет сакал да заработува само за себе на штета на клубот.

Тој наводно бил спремен да помогне со заем од 2 милиони фунти но под услов да заминат двајцата директори и тој да назначи свои луѓе.

Во четврта лига Ренџерс имал посета од 49.000 гледачи што било апсолутно неверојатно за тимовите од овој ранг на натпреварување. На првиот домашен меч од сезоната во четврта лига го прегазиле Ист Стирлингшир со 5:1.

Дека патот назад до Премиер лигата ќе биде тежок се докажало кога Ренџерс во првата година во Чемпионшип завршил трет и во плејофот за пласман во елитата изгубил од Мадервил. Сезоната завршила неславно, клубот го сменил тренерот - наместо Али МекКојст дошол Стјуарт МекКол), а изгубиле и од Селтик (0:2 во полуфинале на Купот).

Во сезоната 2015/2016 екипата ја презел Марк Ворбетон - прв англиски тренер во историјата на Ренџерс. Клубот ги добил сите 11 натпревари од почетокот на сезоната и на крајот мирно завршил прв и се вратил во прва лига.

Со враќањето на Ренџерс во Премиер лигата, се вратиле и гледачите на сите стадиони. Претходно во нивно отсуство, просечната гледаност се намалила од 14.000 во сезоната 2011/2012 до 9.700 во сезоната 2014/2015.

Слаба посета имал дури и Селтик на кого домашната посета му опаднала од 51.000 на 45.000. Со враќањето на Ренџерс и навивачите се вратиле на трибините.

Под водство на новиот тренер Стивен Џерард, Ренџерс летово во квалификациите за Лига Европа го мина нашиот претставник Шкупи, па потоа хрватски Осијек и вечерва го игра првиот меч од плејофот за пласман во Лига Европа против руска УФА.

Летово Ренџерс го платил најскапото засилување во Премиер лигата - 3 милиони фунти за бекот на Брајтон Конор Голдсон. Покрај него во тимот се уште и стоперите Џејмс Таверне (капитен) и Никола Катиќ, играчите од среден ред Скот Ерфилд и Ласана Кулибали како и колумбискиот напаѓач Алфредо Морелос кој постигна хет-трик во последниот натпревар од Лига Купот.

Спасот на Ренџерс не е чудо, туку пример за тоа како некои прави вредности во фудбалот на крајот победуваат. Шкотскиот клуб вечерва во првиот меч од плејофот за Лига Европа ќе игра против рускиот клуб УФА на својот „Ајброкс“.