Како функционира Лигата на Нации преку која Македонија ќе се бори за ЕП 2020

УЕФА и официјално го најави новиот проект кој практично ќе биде замена за пријателските натпревари и шанса за помалите земји да обезбедат пласман на Европско првенство. Стартува во септември 2018-та, а завршува во јуни 2019-та.

Во новото натпреварување кое е идеја на поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини, а ќе го реализира неговиот наследник, Александар Чеферин, ќе учествуваат сите 55 земји членки на Европската куќа на фудбалот.
 
Тие ќе бидат поделени во четири лиги А, Б, Ц и Д во кои ќе има по четири групи од по три или четири репрезентации, одредени според коефициентот на УЕФА.
 
Во Лига A ќе учествуваат најдобрите 12 селекции, следните 12 влегуваат во Лига Б, потоа следните 15 во Лига Ц и последните 16 во Лига Д, која е најслаба и во која ќе се најде и Македонија.
 
Конечната ранг листа ќе биде позната по завршувањето на квалификциите за СП 2018 и со оглед на тоа што не се очекуваат некои драстични промени во однос на коефициентите на земјите, лигите би изгледа вака:

ЛИГА А
Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Франција, Англија, Италија, Поска, Хрватска, Исланд, Велс
 
ЛИГА Б
Русија, Северна Ирска, Словачка, Шведска, Холандија, Украина, Босна и Херцеговина, Австрија, Турција, Република Ирска, Данска, Унгарија
 
ЛИГА Ц
Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија, Шкотска, Чешка,Романија, Грција, Бугарија, Израел, Норвешка, Кипар, Финска, Естонија, Азербејџан
 
ЛИГА Д
Литванија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Македонија, Фарски Острови, Луксембург, Летонија, Молдавија, Казахстан, Лихтенштајн, Андора, Малта, Косово, Сан Марино, Гибралтар
 
Победникот на секоја лига обезбедува директен пласман на револуционерното ЕП 2020 кое ќе биде проширено на 24 селекции и кое за прв пат ќе се одржи во 13 земји. Но за тоа Македонија треба да се избори за првата позиција во групата која носи место во плејофот за пласман на Еврошампионатот.
 
Во Лигата А ќе има и фајнлфор турнир кој ќе се одржи од 5-ти до 9-ти јуни 2019, а тоа значи дека ќе се прогласи и победник на Лигата на Нации.
7 септември 2017 - 11:22