Каде се изгуби Луис Суарез во ЛШ?

За напаѓач од негов калибар ова е еден голем и несфатлив пад кој најдобро може да ви го доловиме преку бројки. До 2016-та година Суарез дал 15 голови во ЛШ за Барса, а од тогаш до сега само бедни 4, а 2019-та сме. Гостинската реализација пак подобро да не му ја гледате. Таму го нема.

По шокантниот кам бек на Рома против Барса во ланското четвртфинале од ЛШ кога ја елиминираа со 3:0, после пораз од 1:4, Ернесто Валведере и Серхио Бускетс добија прашања: Што може Барса да научи од ова? Зборувавте ли во тимот? Како може ова да не се повтори?

Покрај ова, има уште едно гостување на Олимпико во Рим поврзано со еден лош податок за нив, поточно за Суарез. Се работи за оние 1:1 во групната фаза на 16 септември 2015-та. Зошто? Бидејќи тоа е последниот гостински меч на Каталонците на кој Луис Суарез дал гол на гости во ЛШ.

Можеби ви звучи чудно и нереално, ама уругвајскиот напаѓач нема постигнато гостински погодок во елитното натпреварување 1.252 дена. Вклучително со Лион тоа се 16 гостувања на кој има мизерен скор: 0 голови, 0 асистенции од 52 удари.

Ова се тие средби:

Екстремно лош податок е тоа бидејќи зборуваме за човек кој во досегашните четири сезони во Барселона постигнува по минимум 25 голови по сезона на сите натпреварувања и човек кој до сега на конто има вкупно 168 погодоци за Барса.

Во неговата деби сезона 2014/2015 на Камп Ноу кога Барса ја освои тројната круна, Суарез постигна 7 гола во ЛШ, следната даде 8, но од тогаш само мизерни 4. Во 2016/2017 постигна 3, лани само 1, а сезонава компир.

Човекот како да е под некој притисок. Во неделата против Ваљадолид влезе од клупа и упропасти три чисти шанси за гол.

20 февруари 2019 - 09:54