За Јувентус се чита повеќе од Меси и Роналдо

Седми најпосетен сајт за 2015-та е оној на Википедија. Во Италија повеќе читале за Валентино Роси отколку за Интер и Милан.

Во топ 100 најчитани страни во италијанската верзија на Википедија е Јувентус кој се наоѓа на 14-позиција со скоро 700.000 посети. Италијанскиот првак во 2015 година бил повеќе посетуван од Меси и Роналдо кои се наоѓаат на 39-ти и 44-то место.

Пред нив е и страницата на Серија А за сезоната 2014/2015 која е на 35-место место со 530.000 кликови. Милан има 15.000 посети повеќе од Интер и се наоѓа на 49-та позиција, а Интер на 56-та, додека другите екипи од првата италијанска лига не се меѓу првите 100 места.

Во мотоциклизмот најчитан е Валентино Роси кој се наоѓа на 44-та позиција. Во англиската верзија на Википедија Меси е на 42-то место по читаност, а Роналдо на 62-ро. Флојд Мејведер е 57-ми, а Мени Пакјао 97-ми. Овие двајца боксери на 3 мај во Лас Вегас го одржаа “мечот на векот“.

Во Шпанија од спорт на Википедија најмногу се читало за одбојка. Овој спорт се наоѓа на 2-ра позиција, а од останатите спортови најмалку се отворало за кошарка. Во топ 10 страници на шпанската Википедија се наоѓа фудбалската страница на Копа Америка.

Французите покрај за Меси и Роналдо, најмногу ја користеле Википедија и за Ентони Мартиал кој со преминот од Монако во Манчестер Јунајтед минатото лето, го направи најскапиот трансфер меѓу тинејџерите.

11 јануари 2016 - 17:17