Ја паметите ли паненката на Пандев во Струмица?

По пауза од 8 години, Горан Пандев се враќа со репрезентативен дрес во својот роден град каде ќе го одигра својот втор меч за Македонија. На првиот им покажа на Канаѓаните како се изведуваат удари од белата точка. Тој погоди два пати, исто колку што промашија гостите кои го загубија пријателскиот дуел со 3:0. Резултатот го отвори Седлоски кој ја закова со глава. Нека нѝ се посреќи стадионот Младост по втор пат.

5 септември 2017 - 15:57