Интервјуто во ЛЕ за кое немаме објаснување

Дани да Коста е десен бек на Ајнтрахт Франкфурт и најверојатно фудбалер со неостварена желба да биде новинар. На друг начин не знаеме да си го објасниме овој феномен, некој играч да сака сам да си поставува прашањата и сам да си ги одговара. 5-6 пати го изгледавме, се чудевме, се смеевме, а успеавме и да се снајдеме со превод од германски кој се надеваме дека ни е точен.

И тоа сите три прашања кои си ги постави се често поставувани на играчи. Значи го бива и за новинар :).

Дали ми е мило што сме во следната фаза? Да

Дали ми е мило што навивачите не поддржуваат така? Да

Дали веќе во фокусот ни е неделниот меч? Да

9 ноември 2018 - 11:17