Што сè се случи со Биг Сем?

Петтиот смртен грев на англискиот селектор Сем Алардајс

Да заработуваш 3 милиони фунти годишно (да, за 12 месеци) плус бонуси и да си алчен за дополнителни 400.000 фунти мито и корупција значи дека веќе никогаш нема да имаш прилика да бидеш тренер на голем клуб. 

Што се случи?

Само 67 дена откако стана селектор на Англија, Сем Алардајс (61) синоќа доби отказ и тоа не поради слаби резултати или конфликт со лидерите. Причина - откритието на реномираниот The Telegraph кој напиша статија дека селекторот барал 400.000 фунти годишно за помош при „заобиколување“ на правилата за трансфер. Во Англија од 2008. година строго е забрането учество на трета страна (агенција која го купува играчот од клубот, има негова сопственост, па го продава), а УЕФА и ФИФА тоа го забранија лани.

Што сторил Алардајс?

На 19. август годинава, Биг Сем во лондонскиот хотел The May Fair се сретнал со претставници на фиктивна азиска фирма кои на крајот се испостави дека биле прикриени новинари на The Telegraph. Фирмата наводно била многу заинтересирана да купи права на фудбалери, а Алардајс тогаш веќе селектор на Англија, после 20 минути се согласува да им помогне за 400.000 фунти колку би му платиле (иако до тогаш никогаш не слушнал за оваа компанија).

Откако се вмешал и агентот Марк Кертис, договорот бил зголемен на 600.000 фунти и по 150.000 за секоја консултација на инвеститорите од Сингапур и Хонг Конг. Весникот објави и видео поради што Сем не можеше да тврди дека лажат, ја призна вината, се извини и со тешко срце го прифати отказот.

Најголемиот парадокс е што платата на Алардајс во репрезентацијата изнесуваше 3 милиони фунти плус бонуси. До состанокот со камуфлираните новинари, тој немаше одржано ниту еден тренинг со репрезентацијата.

Што направил овде лошо Сем Алардајс?

Најголемиот грев на поранешниот тренер на Вест Хем и Сандерленд е што на снимката кажува дека е спремен да се носи со важното трансфер правило - забраната за трети лица да поседуваат право на играч (кога правата на играчот веќе не му припаѓаат на клубот, туку на некој инвестиционен фонд кој потоа профитира дебело). Во Англија ова е забрането од 2008. година, а ФИФА лани исто ги заостри прописите.

Алардајс кажа дека ќе ги заобиколи овие ограничувања - немал проблем да го среди тоа.

Како реагираа фудбалските шефови во федерацијата?

Главните раководители во Фудбалската Асоцијација одржаа низа итни состаноци после кои се сложиле да го раскинат договорот со Алардајс. Се договориле со Алардајс без обештетување од двете страни договорот да се раскине. Сем ја призна грешката и им се извини за неговото однесуввање во кое на снимката се слуша и дека поранешниот селектор Рој Хоџсон го нарекува 'Woy' имитирајќи ја неговата говорна маана.

Што ќе биде понатаму?

В.д. селектор во следните 4 меча ќе биде Гарет Саутгејт, кој од 2013. година работи со Англија У21. Потрагата за нов селектор ќе започне наскоро, а букмејкерската куќа Paddy Power за најсериозен кандидат го смета Алан Пардју. Некои го споменуваат и Лоран Блан, поранешниот селектор на ПСЖ.

Што успеал да направи Алардајс за 60-ина дена селектор?

После цели 25 години тренерска кариера, Сем го оствари сонот да стане англиски селектор. Тој стана првиот селектор во историјата на Гордиот Албион кој заминува со 100% резултатски учинок. Еден меч - една победа, над Словачка 1:0 и тоа во 92. минута.

Што изјави Сем после отказот?

„Беше голема чест за мене да станам селектор на репрезентацијата на Англија. Многу сум разочаран што се заврши вака. Во попладневните часови се сретнав со луѓето од асоцијацијата и им понудив искрено извинување за своите постапки“.

Англиските медиуми, за кои ваквите теми се мелем за работа сега почнаа да откриваат и други случаеви, па така се зборува и дека 7 други тренери од Премиер лигата „го заобиколувале“ правилото за сопственост на инвестициски фонд. За Алардајс се зборува уште и дека син му работел како менаџер, а сомнителен трансфер бил оној на Равел Морисон од Вест Хем во Болтон пред неколку години кога Алардајс беше тренер на Болтон.