Господин Маурицио Сари со еден потег реши сè

Клучна поента е што Италијанецот го заштити Кепа од реакцијата на навивачите, го испочитува Кабајеро и безболно ја извади целата ситуација со многу важна победа од 2-0 против директен ривал.

Глупоста во неделата во финалето на Лига Купот против Манчестер Сити го чинеше Кепа Аризабалага неделна плата од 200.000 фунти и место во првиот тим.

Маурицио Сари го остави Шпанецот на клупата за резерви, најмалку за мечот со Тотенхем.

Така, најскапиот голман на светот, платен 80 милиони евра стана резерва.

Пред мечот со Хотспур синоќа, пред „Стемфорд Бриџ“ некои симпатизери му барале автограм на Кепа, а тој мирно се потпишувал. 

Во стартниот состав се појави Вили Кабајеро кој не бранел во Премиер лига од 9 мај лани.

Целата постапка тренерот Сари ја објаси просто: „Тоа е мој избор. Ова е послание до мојата екипа. Послание дека ние сме екипа а не 25 одделни играчи“.

Маурицио потоа изјавил дека санкциите за младиот Кепа нема да бидат вечни: „Тој се извини пред стручниот штаб и соиграчите. Направи голема грешка, но не сакаме да го убиеме поради тоа.“

Кепа ќе има време да размисли за глупоста што ја направи кога не сакаше да излезе пред крајот од мечот со Сити со цел Кабаљеро да брани во пенал серијата.

Кепа ретко кога бил резерва во последните неколку сезони, така што можно е да не го познаете од прва.

Челси го совлада Тотенхем со 2:0 и освои многу важни бодови во трката за место кое води во Лига на шампиони.

Интересно, после мечот Сари омекнал и рекол: „Кепа останува мој прв избор.“