Фелаини конечно ќе може да ја удира топката со глава

Не е лага, не е фотошоп, Маруан Фелаини си ги поштеди маките од детално трљање коса со шампон и фенирање. Реши конечно да фрли некој денар на бербер и да се опрости од афро фризурата која ако ја пуштеше уште малку, ќе почнеа љиљаци да му шетаат.

На фудбалерот на Манчестер Јунајтед со години му беше заштитен знак тоа грмушката на глава од која конечни реши да се лиши. Ова е неговиот изглед за кон не знаеме што да мислиме и веројатно треба време додека да го навикнеме.

Пред да го шишаат

Грмушката му држеше топло, ама не го штедеше од џумки

Инаку интернетот грми

Најславната фотографија на Супер Купот во Скопје ја направи нашиот фотограф Борис Грданоски, а на неа е Фелаини со фаца како пифтија.

14 ноември 2018 - 12:40