Две анегдоти за тоа каков човек беше Едгар Давидс

Славниот Питбул денеска полни 46 години. Беше голем орач на терен и гинеше за секоја топка, а овие две анегдоти му го опишуваат карактерот. Колку и да изгледаше страшен и безмилосен на терен, сепак имало нешто човечко во него, што е непоимливо за денешниот модерен фудбал.

Првата анегдота ја раскажува неговиот тогаш соиграч во Јувентус кој се вика Зинедин Зидан.

„Не е легенда приказната во која Едгар сакаше да ставиме рибарски капчиња и да одиме да играме фудбал со имигрантите, нешто што го имам направено со него неколку пати. Тој беше луд и одеше многу често. Ќе влезеше во кола и кога ќе начекаше некои од нив со топка на паркинг, застануваше и им се придружуваше.

Секогаш ми го велеше истото: За нив треба да играме, ова се најважните натпревари, а јас му одговарав: Добро, но имаме тренинзи, дел сме од професионален клуб кој игра на високо ниво, не смееме да ризикуваме да се повредиме. Но од друга страна го обожавав што правеше такви работи.

Втората анегдота се случила на стадионот Деле Алпи на мечот Јувентус – Пјаченца. Двете екипи влегуваат на терен за да се загреваат. По неколку вежби, Давидс му се доближил на Монтеро и тивко без да го слушнат другите го прашал:

„Имаш поим против кого играме денес?“

„Таков беше Едгар, но беше единствен на терен. Се сеќавам многу добро на тој меч. Даде гол и беше најдобар на терен“, вели Монтеро

Едгар Давидс беше белег на фудбалот во 90-те и препознатлив по својот имиџ и конституција. Смени осум клубови во кариерата, но најголемите успеси ги постигна во Ајакс и Јувентус.

Во првите пет години од кариерата со холандскиот состав освои 10 трофеи меѓу кои и ЛШ, Куп на УЕФА, Супер Куп на УЕФА и Интерконтинентален Куп.

Трократен првак е на Холандија, но и во Италија со Јуве (1997/1998, 2001/2002 и 2002/2003).

13 март 2019 - 16:09