Двајцата другари кои од Манчестер Јунајтед направија просечен островски клуб

Во Јунајтед има сериозен кардинал за којшто малку се знае, а кој од 2016 година ја води трансфер политиката и влијае врз одлуките кои се испоставија како катастрофални.

Од 2013 година за сите управувачки и трансфер решенија на „Олд Трафорд“ беше одговорен само еден човек - извршниот директор Ед Вудворд. Клубот сè уште нема спортски директор кој би можел да ги води преговорите, па затоа навивачите на Манчестер со право го криват Вудворд.

Но 47-годишниот пријател на семејството Глејзер не е единствениот кривец за катастрофалните резултати на клубот. Вудворд има и десна рака - Мет Џаџ.

За овој човек има многу малку информации дури и во „забестите“ англиски медиуми кои сè дознаваат. Daily Mail неодамна собрал неколку факти за таинствениот Џеџ, за кој се испоставува дека носи погрешни одлуки или го наведува Вудворд на погрешни одлуки.

Џаџ (лево) и Вудворд

Официјалната должност и опис на работата на Џаџ е опширна: тој се води како управител на акционерската структура и заемниот капитал на Манчестер Јунајтед, задолжен е за рефинансирање на долговите, кредити и други работи поврзани со финансиите. Исто така е задолжен за преговори со играчите (трансфери и договори).

Џаџ работи во Манчестер од 2012 година. Во 2016 тој бил назначен за раководител на одделот за корпоративен развој на клубот, кога де-факто станал најблизок советник на Вудворд кој пак му ги доверил сите вести од преговорите за трансфери и продолжување договори со играчите.

Џеџ имал право на глас при носење клучни одлуки за клубот во последните години, вклучувајќи ги и рекордните трансфери на Ромелу Лукаку и Пол Погба, како и астрономски скапиот потпис со Алексис Санчез. Не се исклучува ни дури тој да носи крајни решенија, затоа што Вудворд во прв ред се ориентира на мислење на советникот.

Затоа навивачите на Манчестер Јунајтед сега може да не го криват само извршниот директор на клубот.

Џаџ (втор од лево)

Се разбира, Вудворд не направил најблизок советник од некој непознат човек. Тој со Џаџ заедно студирал на Универзитетот во Бристол каде Мет се стекнал со степен магистер по економија, а потоа 13 години работел во инвестициско-банкарси сектор.

Џаџ многу ретко се појавува јавно, него најчесто може да го видите во друштво на Вудворд, а тие двајца можно е да се дружат и надвор од обврските на „Олд Трафорд“.

Daily Mail пишува дека Џаџ де-факто е главен преговарач на Манчестер Јунајтед. Тој неодамна решил клубот да го купи 21-годишниот фудбалер од среден ред на Свонси, Даниел Џејмс кој стана првото летно засилување.

А сега советникот на Вудворд води преговори за трансферите на Арон Ван-Бисака од Кристал Палас и Хари Мегваер од Лестер.

Преговорите за продолжување на договорите исто така се главна окупација на Џаџ, при што тој не продолжува договори само со првотимците, туку и со младинците од академијата кои потпишуваат први професионални договори.

За големата улога на Џаџ неодамна зборуваше и поранешниот тренер на Јунајтед, Луј ван Гал со кого клубот помина низ најлошите резултати во последните децении.

„Во Манчестер Јунајтед не го добивав секогаш тој играч што го сакам и тоа беше проблем. Задолжени за тоа се Вудворд и неговата десна рака Мет Џаџ. Со Џаџ не се среќавав често. Тој е шеф на скаут службата. Ти секогаш зависиш од Вудворд и Џаџ“.

По информациите на Daily Mail летово за трансфер прашањата во Јунајтед ќе се занимава комитет од пет луѓе: Вудворд, Џаџ, Оле Гунар Солскјер и двајцата главни скаути - Марсел Бут и Мик Корт коишто управуваат со скаут секторот во кој има 52 луѓе.

Притоа клубот, барем формално, уште бара спортски директор. Џаџ сакал да го постави на оваа одговорна функција помошникот на Солскјер - Мајк Фелан, но овој одбил. Во моментов два главни кандидати се поранешните играчи на Манчестер, Рио Фердинанд и Дарен Флечер. Иако малку е веројатно дека летово ќе биде назначен спортски директор на „Олд Трафорд“.