Човекот кој тргна на фудбалски пат околу Европа

Мет Вокер е 40-годишен статистичар во британското министерство за правда кој земал цела година одмор за да гледа фудбал во земјите за кои слушнал само на час по географија.

Мет Вокер си задал не баш лесна задача да оди во сите земји во коишто би собрал мастраф утре да напише убава книга.

„Идејата ми дојде кога ја читав ’Stamping Grounds’, книгата на Чарли Конели за неуспешниот обид на Лихтенштајн во квалификациите за Свестко 2002. Се запрашав дали е можно да видам сите 55 европски фудбалски членки“, вели Вокер, навивач на Фулам.

На крајот сфатил дека е најдобро да тргне во годината пред почетокот на Мундијалот 2018 затоа што лигите тогаш завршуваат порано.

До денес тој посетил пет лиги: Неговиот пат почнал во Грузија, каде бил еден од 200-те луѓе na 25-илјадниот стадион во Тбилиси за мечот од грузиското првенство Дила Гори - Локомотив Тбилиси, а во четвртокот бил на островот Аланд, единственото шведско говорно подрачје во Финска каде го гледал ИФК Марехамен, финскиот лестер кој стана шампион минатата сезона.

„Планот на патување на почетокот е лесен затоа што генерално треба да покријам лиги кои се играат во текот на летото а потоа останатото ќе биде околу интересни фудбалски стории како Мариехамен или италијанскиот Кротоне“, раскажува Мет за Гардијан.

Вели дека Грузија го инспирирала зошто е микс меѓу Европа и Азија, со нешта од Турција, Иран и Советскиот Сојуз.

Во однос на фудбалот вели дека Дила Гори го реновирала стадионот 80 километри подалеку од Тбилиси, па морале да играат во главниот град. Мет приметил дека Грузијците не ставаат акцент на физичката снага туку повеќе на играта со топка.

Убава околност било што и Дила Гори решила влезот да биде бесплатен затоа што не им се исплатело да печатат карти кои би ги фатиле поскапо одошто би заработиле од продажбата.

Британецот додава и дека планира во просек за влезници да потроши по 14 фунти во сите земји кои ќе ги посети (’Што ќе ме снајде кога ќе стигнам во Премиер лигата’). Во Англија ќе ги гледал можеби новите прволигаши Хадерсфилд или Брајтон или Бурнемут.

Кога бил на Исланд вели дека рестораните биле толку скапи што три дена јадел паста која што сам ја спремал во сместувањето. Кога одел во Грузија сфатил дека линиите до таму не се баш едноставни пред се поради политичката нестабилност и тензиите меѓу Грузија, Ерменија, Турција, Азербејџан (нема транзит меѓу Ерменија и Турција).

Во Норвешка на пример бил да го гледа Бран Берген. Седнал на трибината до навивачката и тие му пееле: ’Седни ако го мразиш Розенборг’. Мет е среќен што во повеќето места каде бил се зборува англиски и така му ги преведувале песните и навивачката култура.

Кога зборува за Фарски Острови, делува како таму ’џабе да губел време’ затоа што вели дека неговите другари комотно би можеле да играат во таа лига каде многу топки шутнати во морето. Таму времето било толку променливо што натпреварите често ги одложувале.

Во понеделникот бил во Шведска од каде фатил фериброд до Естонија. ’Ова се три меча во една недела. Со оглед на тоа што нема лигашки фудбал за време на квалификациите на репрезентациите, јас ќе имам 40 викенди акција за време на сезоната па ќе одам и преку недела’.

Интересно за нас, Мет на крајот решава да го посети и Балканот, па може да му предложите што да гледа (веројатно ќе има што да види) кај нас:

Мет на Твитер, на Фејсбук, на Инстаграм, сајтот на Мет