Приказна за фудбалскиот пат на Серхио Торес

Анксиозноста ја победив на Олд Трафорд пред 75.000 луѓе

Од истоварање цигли во родниот крај, преку дождливите лондонски улици и живот со непознати Камерунци до деби на театарот на соништата во Манчестер.

Пред пет години лидерот на петтата англиска дивизија, Кроули Таун гостуваше на Олд Трафорд во рамките од 5. рунда на ФА Купот. Вес Браун го постигна својот последен гол за Јунајтед, а напаѓачот на Кроули, Ричард Броди ја затресе пречката во 90-та минута. Епилог: Кроули загуби достоинствено против славниот Манчестер и стана првиот аматерски тим после 17 години во 1/8 финалето на ФА Купот.
 
Спонзор на клубот бил таблоидот Сан, најплатениот играч земал 620 фунти неделно, а главниот играч од средината на теренот по професија бил утоварач на чевли во складиште.
 
Кога завршил натпреварот и од звучниците се заори Glory Glory Man United, капитенот на Кроули, 30-годишниот Серхио Торес ги соблекол копачките и сфатил: „Јас сум прв и последен пат на Олд Трафорд. Никогаш веќе нема да бидам овде“. Околу него шетаа фотографи и камермани, но тој не се загрижи, зема дел од тревникот и го понесе со себе.

Денес Серхио Торес игра за Вајтхок во шестата англиска дивизија, живее со сопругата и двете деца во Брајтон, на брегот на Ламанш и уште го чува бусенот трева од Трафорд. Минатото лето добил две понуди од третолигаши, но на 34 години ја одбрал семејната атмосфера на море.

Серхио Торес е и роден на море. Во Мар дел Плата, рибарски и сиромашен град, на 40 метри јужно од Буенос Аирес. Татко му, Раул Торес со својот брат и чичко држел циглана на пола километар од дома. Тинејџерот Серхио почнал да работи таму, да истовара камион со дрва, да полира полимерна глина, да товари чевли. Преку лето пеколно топло од печките, зимно време студено, но друга судбина родителите не можеле да му понудат.

Серхио навечер играл фудбал во локалниот клуб Килмес, кој никогаш не го препознал неговиот талент. Татко му сакал Серхио да се обучи во сметководството и да располага со парите од фабриката, но и покрај искрениот обид на Економскиот факултет, Серхио покажал повеќе интерес за Институтот за физичка култура. После две години таму, почнал да тренира во Банфилд.

Аргентина тонела во криза, така што покраинската влада на Буенос Аирес немала да ги плаќа општинските организации. И покрај тоа што не заработувал, Торес повеќе сакал да игра фудбал во престижната аматерска лига, отколку да се поти покрај фабричките печки.

Судбината почнува да го отмотува клопчето кога Торес решил да ги снима најдобрите моменти на ДВД снимка. Поради природниот срам, Серхио најчесто ја подавал топката до првиот соиграч, дури и во ситуации кога полесно било да даде гол. Со најдобрите исечоци, ДВД снимката ја земал Алехандро Џунтини, поранешен стопер на Бока Јуниорс. ДВД-то со скромните потези на Серхио стигнало во рацете на Хулио Алексаниер кој работел како фудбалски скаут.

Наместо да фаќа прашина во неговата канцеларија, Алексаниер решил да му го даде дискот на Камерунецот Ролан кој живеел во Лондон и се сметал себеси за агент. ЦД-то патувало на касетата од купето на Ролан кој поминал десетина англиски клубови од осмата до трета лига, но анонимниот Аргентинец не бил никому интересен.

Торес сметал дека е грев да не се проба, но наивно очекувал на 22 години некој да го викне во Англија без најмало искуство во професионалниот фудбал. Серхио бил семеен миленик, не се одвојувал од фамилијата. Родителите и постарата сестра Розана која го перела, пеглала и му помагала со испитите, сметала дека обидот на Серхио да замине во Англија е младост лудост и ништо друго.

Додека ДВД-то одело од предградие во предградие во Лондон, Торес играл за аматерскиот клуб Депортиво Мадрин, далеку од неговиот дом. Првпат заминал толку далеку, често плачел исплашен од анксиозноста и морал да спие на скапан душек во Патагонија. И така додека едно утро не му заѕвонил Камерунецот.

„За тебе се интересира третолигашот Брајтон. Следната недела те викаат на проба. Летот си го плаќаш сам. Пријатно“.

За овие зборови Торес две години штедел пари. Откако купил авио карта за Лондон, му останале уште 300 долари. Стравот во неговиот дом се интензивирал. Кој ќе го спречи ако не родителите и сестра му?

„Не знаеш два збора англиски, никогаш не си ја напуштил земјата, со авион првпат леташе до Патагонија. Овде нè имаш нас, имаш работа, играш фудбал. Таму ќе бидеш обичен странец, кој ќе ти готви, кој ќе те пере, еден сад не знаеш да измиеш!", грмела мајка му Делфина на што се надоврзал татко му: Што ти треба, кажи ми, сè ќе добиеш.

Одговорот веќе бил спремен.

„Ми треба вашата поддршка. Мамо опушти се, ќе се вратам за три недели", се обидувал Серхио да ја увери мајка му, која не знаела дека картата е во една насока.

На 8. ноември 2003-та слетал на Хитроу со куферот во кој имал учебник по англиски за прва година и речник. Држел табла со шест букви TORRES. Се појавиле Алексаниер и Камерунецот Ролан кој го земал кај себе. Нема да плаќа смештај и во џебот има уште 300 долари.

После половина час стигнал во домот на неколку Африканци. Ролан живеел со двајца браќа, со сопругата на еден од нив и двајца нивни пријатели. Стигнала вест дека пробата во Брајтон ќе му почне дури следната недела. Оставен сам на себе, на северот од Лондон, Серхио слушал како непознати Камерунци зборуваат француски и јадат ориз со грав.

По напорниот пат, очите на Серхио му се затворале, но во еден момент сфатил дека не му е згодно таму во приземјето. „Тој што спиеше до мене беше дебел, влакнест и хрчеше како мечка", подоцна зборуваше Серхио во интервјуто за Диарио (втора најчитана статија по веста за смртта на поранешниот аргентински претседател, Нестор Кирхнер). Новинарот Хуан Мануел Лопез му предложил на Серхио да му напише биографија, а овој се согласил.

Следното утро, Серхио решил да прошета. Се наоѓал во местото Норбери, на 50 километри од центарот на Лондон. По еден час пешачење, не сретнал ниту еден белец, сите го гледале попреку по што се вратил во додевниот дом кај Камерунците.

Кога дошол понеделник, на голем студ по дожд и ветер, Серхио Торес дошол во Брајтон на проба. Ги поздравил соиграчите кои го гледале чудно. Првиот тренинг минал лошо, Торес немал копачки со себе, па побарал од некој соиграч кој му дал три броја помали. Срамежливиот Серхио премолчел и некако го одработел тренингот, но кога Ролан му видел шест плускавци на нозете решил да му купи евтини копачки.

Не помогнало. Тренерот на Брајтон, Мартин Мекги рекол дека Торес не е лош техничар, но физички не е способен за англискиот фудбал. Ролан бил бесен и му викал на Серхио дека не играл како на ДВД снимката. Без пари за авионска карта назад Торес имал само една грижа: Како да се врати во Мар дел Плата како губитник?

Додека Ролан невољно му барал нов клуб, Серхио тренирал на школското игралиште во близина на домот. Со стоперица на раката трчал по 100, 200 и 400 метри. На пет станици од куќата имало Интернет кафе каде за 1 фунта по час можел да зборува со семејството. Немал многу пари, па во бифето одел два пати неделно а понекогаш ја жртвувал и водата после тренингот за да збори со своите. Кога еднаш видел две фунти паднати на теренот, Серхио помислил: Никогаш не сум украл ништо, но ако и утре бидат овде ќе ги земам за да зборувам со моите. Две фунти два часа муабет.

Дека невољата оди со невоља, Аргентинецот се уверил кога Ролан му рекол да се дотера затоа што ќе одат кај некој тренер. Наместо таму, отишле во некоја обиена гаража каде се наоѓала колата на Камерунецот дадена под налог додека не го врати долгот на друг Камерунец. Кога се вратил лихварот, почнала расправија по што го удрил Торес. Ролан избегал, а Аргентинецот залудно на шпански барал помош затворен во гаражата.

Следувала расправија со Ролан, по што младиот наивен Аргентинец морал да замине од домот. Мајка му му јавила дека во Лондон е и синот на некоја нејзина пријателка кој играл за шестолигаш. Серхио Торес спиел во гостинската соблекувална под една од трибините на овој клуб, а кога доаѓале играчите морал да ги крие работите и да го склопува креветот. Тоа траело три месеци.

„После еден меч, еден навивач на Бесингсток ни предложи да се преселиме во неговата куќа, се присеќа Серхио во интервјуто за БиБиСи и Дејли Мејл. Оженет пред две недели, на сопругата не ѝ беше баш лесно да го дели домот со двајца непознати Аргентинци. После три месеци во соблекувална, во домот на навивачот живеев четири месеци".

Среќата го погледала кога на мечот против Викомб Вондерерс одиграл фантастично, и нивниот тренер Џон Горман решил да му понуди професионален договор на Торес. Прв таков на 24 години.

Баба му на Серхио по татко била Италијанка, така што брзо стигнал до европски пасош и станал миленик на навивачите. Во летото 2006. година, тренер му стана Пол Ламберт кој ги помина Фулам и Чарлтон и Викомб за првпат беше во 1/2 финале на Лига Купот. Ривал големиот Челси со Мурињо, Лампард, Балак, Дрогба, Шевченко, Ешли Кол. На Адамс Парк сензационални 1:1, а на Стемфорд Бриџ пораз од 4:0. „Во еден момент после половина час игра, погледнав наоколу и се прашав човеку што правам јас овде? Пред една година истоварав чевли во фабрика“.

На подготовките со Викомб во Германија каде играл пријателска против Дортмунд се запознал со извесна Лена, девојка која работела во хотелот. Се запознале, Лена решила да запише магистратува во Англија и да живеат заедно. Денес Серхио и Лена имаат две деца - Луна и Нала.

Викомб се решил да го продаде Торес во Петерборо, каде тренер беше Дарен Фергусон, синот на големиот Сер Алекс. Пред почетокот на сезоната, Аргентинецот го повредил зглобот, не играл воопшто и станал депресивен. Размислувал да се врати во Аргентина. Петерборо за него платил 150.000 фунти и тој не можел да се избори со големиот притисок. После повредата се плашел да ја допре топката и почнал да посетува психолог.

Во 2010. година, Стив Еванс го повика Торес да му се придружи во Кроули Таун, екипа која шест месеци подоцна ќе стигне до 3. коло од ФА купот со евроголот на Серхио од 20 метри.

„Кога шетав едно попладне во една продавница се гледаше ждрепката за следната рунда. Влегов и му кажав на продавачот да попушти. Кога го извлековме Манчестер Јунајтед полудев од среќа и викав на сред улица. Им се јавив дома, татко ми допатува во Англија а моите се спремаа да гледаат на телевизија", раскажува Торес.

Во тунелот под Олд Трафорд, за неколку секунди му се појавил целиот живот пред очи: Се сетил на фабричките печки, на тврдиот душек во Патагонија, во студениот дом со шест Камерунци, на три броја помалите копачки, на боксот во гаражата, на спиењето во гостинската соблекувална и операцијата на скочниот зглоб.

Кроули загуби 1:0, а после мечот Серхио Торес заплаче и зема дел од тревникот. Татко му го гушнал и му кажал дека е горд на него. Крај нив минале Мајкл Карик и Вејн Руни, за кои тоа бил нормален меч и нова победа, на која ќе заборават следното утро...