Ако може Фергусон да биде Сер, можам и јас

Го нема го нема, па ќе извади нешто за што ќе се зборува со недели. Мино Рајола, најнеобичниот агент на светот сега бара титула Сер затоа што успеал да го врати Пол Погба летово во Манчестер Јунајтед.

Мино Рајола и Сер Алекс Фергусон во 2012. имале расправија околу младиот француски фудбалер Пол Погба. Како резултат на инцидентот и тоа што не го играа доволно, Погба реши да тргне по потежок пат, од Серија А.

Рајола и Фергусон едноставно не се поднесувале еден со друг. Од друга страна, нивната расправија никогаш не беше пречка Погба да се врати на Олд Трафорд.

Целата кавга започнала околу договорот на тогашнииот тинејџер Погба и неговата идна улога во Манчестер Јунајтед. Во 2012 година Погба замина во Јувентус, а Фергусон изјави дека тој и Рајола биле „како вода и масло“.

„Никогаш не беше проблем. Преселбата во 2012 беше неопходен чекор затоа што Пол немаше да просперира ако останеше. Имав две средби со господин Фергусон. Првата беше ужасна од негова страна, но втората, никогаш не сум имал таква забава во животот. Господин Фергусон држеше до своето мислење, јас не се согласував, но го почитував. Тој е икона од тренер, но се уште верувам дека вредноста на Погба денес потврдува дека бев во право со тоа што го направив. Имавме поинакви идеи за Погба. Можеби затоа што не ме сакаше и би ме шлапнал“, вели Рајола.

И покрај тоа што Серија А важи за негов главен полигон за играчи, влијателниот Мино Рајола наводно не сакал неговиот бисер од Франција да оди во Италија.

„Луѓето не сфаќаат дека направив се да го убедам и притиснам Пол да не оди во Италија или Јувентус. Му кажав дека најлошо место за развој на младите играчи е Италија. Клубовите во Серија А не беа познати по ангажманот на млади играчи во тоа време. Мислам дека последен беше Паоло Малдини во 1985. година. Мислев дека Погба ќе сгреши.

Три месеци подоцна, тој беше во Јувентус а таму неколку пати се расправавме, тој не ме слушаше и ми кажа: Не е дека не слушам, туку едноставно се што направив во животот беше по потежок пат. Сакам да одам по потешкиот пат. Просто, сега кога се враќаше во Јунајтед, знаеше дека нема Лига на шампиони и тоа за него е голем предизвик. Тој не се предава. А јас кога гледам дека господин Фергусон има титула Сер, можеби и јас би требало да ја добијам за враќањето назад на Пол“, заклучи Рајола.