22 години престој, 22 историски фотографии од капитенот

По вчерашната вест дека го напушта Челси, Џон Тери денеска се обрати со соопштение во кое официјално се збогува од тимот на кој му ја посвети цела кариера. На Стемфорд Бриџ стана тесно за него, ќе бара нов предизвик.

Џон Тери не е само врвен дефанзивен фудбалер, туку тој е икона на Челси каде стана член уште во 1995 година во младинскиот тим. Се работи за најуспешниот капитен во историјата на клубот со 4 титули во Премиер лигата, 5 во ФА Купот, 3 во Лига Купот и по еден трофеј во ЛШ и ЛЕ.

Тој е еден од петмината фудбалери во историјата на Челси со над 500 настапи, како и најдобар стрелец меѓу дефанзивците со вкупно 66 гола на сите натпреварувања. Одиме со еден фотографски времеплов од неговата кариера или поточно со по една историска фотка од секоја негова година мината во Сините од Лондон.

Првиот договор со Челси во 1996-та и дебито после три години.

Прославата на првиот гол со колегите Џоди Морис, Џон Харли и Џанфранко Ѕола против Гилингем во ФА Купот во 2000-та. Сините тогаш го освоија пехарот на стариот Вембли.

Со новото засилување од 11 милиони евра по име Франк Лампард во 2001-ва.

Прославата на голот против Фулам со кој го однесе Челси во финалето од ФА Купот во 2002-ра. Другите тројца се Лампард, Петит и Алберт Ферер.

Гол против Барселона на четвртфиналниот меч од ЛШ во 2005-та кој го добија со 4:2 и се пласираа понатаму.

Првата шампионска титула на Челси во Премиер лигата по пауза од 50 години.

Следната сезона пристигна и втората титула по ред откако го победија Манчестер Јунајтед.

Борбен дуел на Тери со Диаби во финалето од Лига Купот во 2007-ма во кој добива копачка во глава.

Именувам како еден од најдобрите дефанзивци во светот во 2009-та имаше дуел со најдобар во свет.

Џон Тери од секогаш бил респектиран фудбалер меѓу навивачите. Оваа фотографија е кога го фрла дресот по дуелот со Арсенал во 2010-та.

Дел од прославата на третата титула заедно со Дрогба и Лампард.

Во 2010-та година го освои и ФА и Лига Купот.

Радост на гол против Евертон, еден од 66-те за клубот од Лондон.

Момент од мечот со Наполи во 2012-та кога стигнаа до трофејот во ЛШ.

Во 2012-та го освоија ФА Купот откако во финале го совладаа Ливерпул.

Финалето од ЛШ против Баерн во Минхен го пропушти поради суспензија.

Во прегратка со Дрогба и Лампард на Алијанц арената.

Голот на Вајт Харт Лејн против Тотенхем во 2013-та.

Подигнувањето на трофејот во Лига Купот во 2015-та со повратникот Мурињо со кој ги освои повеќето трофеи во кариерата.

Шампионската титула во 2015-та кога ја одигра секоја минута во првенството.

Заедно со Антонио Конте по чие водство ја игра последната сезона во Челси.

Соопштението на Тери го имате тука.

19 април 2017 - 11:51