Зошто треба да се биде кучка

Тешко е да се провлече зборот „кучка” во било какво дело (статија, текст, книга, филм, говор) без со него да се провлече и дилемата дали се работи за нешто паметно или за уште едно досаѓање во рамки на погрешно сфатен феминизам. И меѓу сите тие јачања (биди кучка или ќе те прегазат) и излитени фрази (кучка во кревет, не знам што таму на улица), лежат и умните дискусии, како оваа.

Табата Кофи на Тед има обраќање со наслов „Why you need to be a bitch”, од кое се изземени сите арогантни узречици и занесувања без основа.

Не е дека не сме чуле и не сме прочитале за што се работи:Кога жените се силни, кога бараат исполнителност, кога знаат да пресечат и не трпат никакви срања, обично се кучки. Проблемот е што, наспроти тоа, маж со истите квалитети е „јак член на тим” или „директор што треба да го има секоја компанија”.

А најголемиот проблем е што тие што се расфрлаат со терминот упатен кон жени (и тука не збориме за симпатичните коментари на Инстаграм), се токму - жени.

На страна сите сељанки на висока позиција што успехот го мерат во тоа колку вработени ќе понижат во текот на денот.

Во разговоров, кучка е жена со квалитети што обично ја прават успешна.

10 август 2018 - 12:41