Неделна доза ентериер:

Зелено, Гучи и ствари од супермаркет

Или како што ќе каже првиот коментар под видеото, „Ех, да има човек пари!”

Стан во Њујорк, во него живее пар дечки на кои им е втор пат да живеат во него. Еднаш го имаат откачено, па им прифалил, па се вратиле - но, без разлика што и претходниот пат им бил уникатно уреден, решаваат одново да го измислат.

Она што никој не го прави, а за кое одлучуваат дека нема да следат правила е - тапет на таван. Со кој, патем, одговара и трпезариската маса, и чашите и чиниите. 

Се гордеат со својата колекција на уметнички дела, вметната во еден дел од станот што го викаат галерија, а според уредничката на Кат, Венди Гудман, она што е најфасцинантно за него е што светлото цело време се менува.

Инаку, зелената е баш таа што пишувавме дека доаѓа заедно со новата деценија:

10 јануари 2020 - 15:01