Вог и Оливија Колман, како што треба

Дојде времето на Оливија Колман, па како што е ред и Вог ги праќа своите 73 прашања. Но, не одиме кај Оливија Колман дома. Само се преправаме дека е така.

Благодарни сме му на филмскиот свет што одлучи дека Оливија Колман не смее да остане чистачка во животот, без разлика колку ужива во таа работа. Затоа и имавме прилика да го чуеме нејзиниот оскаровски говор (најчовечки у свет), затоа и можевме да видиме каква е во интервјуто за The Talks, плус на сите емисии што можат да се најдат на Јутјуб каде што може да се ужива во нејзината искреност.

Со тоа, „73 прашања” како жанр би требало да ни ја претстави во уште повистинско светло нели? Веројатно е и така, со тоа што отвара врата од „кај нејзе дома”, каде што живее со „батлер” и „има” трпезарија за 700 души.

Not.

 

3 октомври 2019 - 00:00