Водич за студентки, од '60-ти

Мислите дека еден видео-водич за „како да бидеш поатрактивна” наменет за студентки во '60-ти години ќе биде проблематично мизогинистички настроен? Размислете повторно.

Вака со предрасуди кликнавме и на водичот за средношколки од '40-ти, па скроз пријатно се изненадивме. 

Овој пат, целната публика е посериозна, па автоматски и советите се поважни. И нема тука „трепкај, смешкај се, биди пријатна”, концепт од кои некои жени до ден денес немаат излезено, напротив - интересирај се за светот околу тебе, читај, прати политика, биди внимателна, не мафтај со раце кога зборуваш, внимавај што јадеш, бањај се, и внимавај на себе. Внатрешната убавина е на пиедестал, ама има една дупачка што сè уште е релевантна, затоа што и пола век покасно, не ни иде памет.

Како се губат 2-3 кила за 5 секунди?

Ако не го гледате клипот затоа што сè ви е јасно, за ова ќе го изгледате. И толку е многу едноставно, што ќе ве нервира. И пак ќе го искористите.

Ајде да се потсетиме:

8 јули 2019 - 12:22