Влакната под мишка добија и есеј од Емили Ратајковски

Категорија: 1000 зошто, 1000 незадоволителни затоа.

Во ред, во ред, 2019-та сме. Фала богу, луѓето што си дозволуваат јавно да коментираат негативно за природни работи се фрлаат во метафорични контејнери. Светот конечно се помири дека постои и различно од она што сме учеле дека е „нормално”, 2018-та особено достигна врв по некои такви прашања.

Сепак, на луѓето како се уште да им е мачно да проголтаат дека ете, некои жени, сакаат влакна.

И најтивко (од поштовање, а и малце од страв) ќе прашаме: Можеш ли да ги обвиниш?

Емили Ратајковски се сликаше за Харперс Базар, со дигната рака и влакна под мишка.

Нема некоја посебна филозофија во тоа, едноставно така осамна сликата еден ден. И напиша есеј на темата. Не и е есејот, а и гестот политички, туку само сака да се бори со тенденцијата да им кажуваме на жените во какви калапи треба да влегуваат.

„За мене, телесните влакна се уште една можност жената да избира - да направи избор врс основа на тоа како сака да се чувствува.”

Се тоа фино, ама дали најозбилно ќе правиме политичка изјава од секое можно чувство и изборот на истото, особено ако е досадна активност врзана со денот, или телото?

Еве, дали вие сабајлево додека миевте заби, помисливте, уау, ова е баш избор - да мијам заби или не, и среќна сум што можам да бирам што да направам.

Гарант не.

Емили додава:

„Било кој ден, главно сакам да се избричам, но понекогаш, кога ќе дозволам влакната на телото да ми пораснат, се чувствувам секси.”

Океј, Емили, океј. Како ќе кажеш.

Во коментари, си знаете, едни се испотресени, други како Ешли Греам и Кристијан Сириано ја фалат.

„Младите жени секојдневно ги парчосуваат од секој аспект додека растат. Во ера на селфија и социјални мрежи, подложни се на инстант-фидбек и критика,” размислува Ратајковски во есејот. Ова си е точно, а и „ако немаш ништо фино да кажеш, поарно ништо не кажувај” исто си наоѓа место во ситуацијава. И треба да престанеме да контролираме како жените изгледаат само што…

Зошто се влакна на женско тело политичка изјава и што ни е на нас гајле?!

13 август 2019 - 15:44