Вистинската причина што носиме хеланки

Да, добро, за трчање, за вежбање, за јога, за таму некои работи што ги прават таму некои други жени. Ај сега озбилно да разговараме. Хеланки се за по дома и да не се занесуваме многу, многу.

Има жени што спортуваат. Трчаат. Боксуваат. 

За восхит се. 

Дисциплинирани, здрави, исполнети, згодни, сè што пишува на една насловна на женско списание. Заедничко им е што често носат хеланки, особено ако се дел од реклама за Најки. 

И Најки има стварно одлични спортски хеланки, кои покрај што се совршени за трчање, си наоѓаат и многу фина примена при активноста наречена „гледање 4 сезони серија во една вечер”.

Тоа е многу важен спорт. Ти ја зголемува моќта на расудување, ти го збогатува знаењето и способноста да се вклучиш во разговор следниот пат кога некој ќе рече „Ај бе, кажете некоја серија.”

Истовремено, можеш да заспиеш во нив и да не се разбудиш со дупки на одредени места после 2 саати.

Можеш и да готвиш и да јадеш и да пиеш во нив, хеланките нема да почнат да се однесуваат како донесена маќеа што те гледа под око дека си се здебелила.

Сето тоа, СНЛ совршено добро го опфаќа:

11 септември 2019 - 00:00