Да учиме од запад:

Винарии забрануваат момински вечери

Не знаеме дали на домашните уживачи во „девојачко” им текнало да прават обиколки по винарии, ама очигледно тие што му се локални на Лонг Ајленд претерале. Неколку винарии од таму почнале да ставаат забрани на момински вечери заради целото тоа вриштење, правење човечки пирамиди и изобилство на фалусовидни додатоци, што, замислете - им пречело на другите гости.

Зошто.

„Значи буквално правеа пирамида од жени во дворот,” се жали Суелен Тани, вработена во Wölffer Estate Vineyard во Сагапонак. „Тоа ви е брајдзила врз брајдзила.”

На нивниот сајт пишува:

„Пресреќни сме кога гостите бираат да прослават некој настан со нас. Сепак, не дозволуваме момински вечери. Од почит кон другите гости, ве замолуваме да не носите ни декорации за родендени и други прослави.”

Ова станува тренд и сè повеќе винарии го прават истото, плус бараат од гостите зад себе да ги остават сите тие неподносливи додатоци од типот на цевки во вид на пениси, тијари, светки и солзи.

Зошто.

„Не ни е тоа целта,” вели менаџерот на една од винариите, Јанис Папаџани. „Половина од нив се на крај уплакани заради нешто. Доаѓаш до момент да се прашаш, што е ова, моминска забава, или карневал?”

Сепак, една од уживателките на ваква работа, веројатно комплетно игнорирајќи во каков шитсторм можат да се претворат овие „скромни забави”, за CBS2 кажува дека не ѝ е јасно што толку претеруваат. „Јас на пример супер си поминав и не видов никој да збеснува и да полудува,” вели таа и додава: „Мислам дека добар бизнис им беше на винариите да имаат и момински забави.”

Ова е онакво венче што го ставаш на глава, и демек од едната страна влегува, од другата излегува. ЗОШТО.

А винариите веројатно се преброиле колку им се чистат девојачки повраќаници и колку муштерии можат да изгубат од тие „глупите” што не им се слуша крештење цела вечер, па решиле дека ризикот се исплати. Затоа што, кој би сакал да отиде на уживање со разни видови вина, седење и гуштање кога некој до него мафта со ова:

Па уште и капки.

8 август 2018 - 11:49