Викторија Бекам доаѓа на Јутјуб

Вака кога ќе размисли човек, стварно знае по стотти пат да се пронајде себеси, и тоа во ново.

Прво Спајс Грлс, па дизајнер, па модна икона, и сега Јутјуб - и последново го објави во видео на Инстаграм, на 10-годишнината на нејзиниот бренд.

За почетокот на влогерската кариера му раскажува на директорот за мода и убавина на Јутјуб - Дерек Бласберг:

„Каналот ќе биде полн со туторијали за стил, многу мои работи, а очигледно и луѓето го бараат тоа.” И додава, по Спајс Грлс библија: „It’s what they want, it’s what they really really want.”

И очигледно и ова ќе биде врвен успех со оглед на тоа што веќе има 29.000 претплатници. До сега има туторијали за шминка и модни писти, ама понатаму - којзнае што ќе и текне.

Еве го каналот.

Еве формула за совршена кожа:

3 декември 2018 - 14:33