Видете какви купачи за бебиња

Сега можеш слободно да го дотеруваш бебето на плажа, нема да ти се смачи и одмор и плажа и вода на секое пресоблекување.

Две мајки (оф корс, на нас да не ни текне?) Алексис Кастелано и Џил Слејтер го основаат брендот Фастен, откако се нервираат бирајќи купачи за мали девојчиња. Без разлика дали се бебиња со пелена, или големи девојки што скоро престанале да носат пелени, па трчкаат до тоалет, Фастен нуди одличен производ - купачи чиј долен дел се откопчува.

„Ние сме две мајки што сакаат да си го олеснат животот,” вели Кастелано за Хафингтон Пост.

Модели има од 6, 12 и 18 месеци, а и од 2-ка до 10-ка за поголеми девојчиња. Поголемите броеви имаат магнет позади за да се закачи и да не пречи парчето кога ќе се отвори. Со истиот дизајн имаат и трикоа.

Идејата дошла кога се соочиле по којзнае кој пат со проблемот, па им текнало дека и на многу други родители ќе им се олесни животот со ваков производ. Особено кога се работи за деца со инвалидитет, Даунов синдром и атипичен развој.

„Многу родители ни пишаа,” вели Кастелано. „Многу од децата одат на терапија во вода, често се во базени, па им користи.”

Сега добиваат барања да ги направат костимите и во величини за возрасни, па работат на случајот.

Во меѓувреме, затоа што се им се троши брзо, колекцијата е достапна за preorder, со тоа што, ние кликнавме за вас, и видовме дека се ребрендирале. Сега се wowease, а ако ви е ептен мерак да стигнете до вакви купачи, може да се контактира со нив, тука.

9 јули 2019 - 13:24