Веганска модна недела

Несуровиот третман е новиот луксуз.

Во последно време се повеќе модни куќи (Шанел, Гучи, Версаче, Бурбери, Готје и слични), а и Лондонската модна недела престанаа со користење крзно и кожа од егзотични животни во своите колекции, а други се фокусираа само етички извори. Теоретски, ако исхраната може да биде веганска, нели може и модната недела? Активистката за права на животните Емануел Риенда вели дека може, и врз основа ја тоа ја организира првата Веганска модна недела со слоган cruelty free is the new luxury, или „несуров третман е новиот луксуз”. Веганската модна недела ќе се одржи во Лос Анџелес - инаку најголем град што забранил изработка и продажба на крзно - од 1-ви до 4-ти февруари. „Сакам да започнам дискусии и дебати за нашите најважни вредности: почитта за човечкиот живот, правата на животните и околината,” вели Риенда.

Четиридневниот настан ќе ги спои модата и активизмот и ќе има ревии на еколошки освестени креатори и презентации, плус изложба на еволуцијата на веганската мода.

9 јануари 2019 - 14:31