Ве молиме да не си ја усисавате менструацијата

Усисивач се користи за 2-3 работи. Побрзо завршување на добиено не е една од нив.

Треба да ти текне. ТРЕБА ДА ТИ ТЕКНЕ, дека затоа што менструацијата значи неколку дена течење крв од телото - ти можеш тоа да го забрзаш со тоа што ќе ја исшмукаш надвор.

Притоа, на крај памет не ти паѓа дека да идеше тоа така, медицината веќе ќе имаше понудено решение, но кога таа неспособна медицина не ти смислила црево што ти ќе си го пикнеш на местото од каде што мајка ти сака да раѓаш, за да извадиш тоа крвта што ќе те остави без бањање на море - си наоѓаш решение - сама!

Па што ако цевката од усисивачот оди по земја, по пајажини, по влакна од мачки и кучиња, по прашина и слично?

Вагината има бактерии што и овозможуваат сама да се чисти, вие не разбирате!

Интересно.

Кујзнае дали тие бактерии лечат од повреди што можеш да си ги нанесеш ако решиш да го скратуваш добиеното со цевка од усисивач.

На постоењето на оваа језива пракса укажува една медицинска сестра на Твитер, која (веројатно додека учела школо за сестра не помислила дека ќе треба и ова да го направи) ги замолува сите жени да не се обидуваат да скратат менструација со усисавање на крвта.

„Дами… Ве молам не користете црево од усисивач за да ја завршите менструацијата побрзо. Ќе усисате многу повеќе од крв! Имавме два вакви случаи неделава и двете жени моравме да ги задржиме. Едноставно… ПРЕСТАНЕТЕ!”

Усисавање.

Добиено.

Лесно е да се тешиме дека е лажен твитот. Ама многу брзо заборавате: Не е ни прв пат ова.

Осила?

Светки?

Лук?

Сладолед?

Избелување?

Подмладување?

Мора да признаете дека, како за супериорна раса, малце ја утињаме работата.

10 јуни 2019 - 11:26