Уште една актерка го обвини Том Хенкс дека е премногу фин

Воопшто не е фино да си селебрити фаца и машко во моментов во Холивуд. Додека периодов, нема режисер, глумец и продуцент што навечер не легнува без да се помоли „жити све да не ѝ текне на онаа дека пред 20 години ја загледав во деколте”, неколку жени истапија со изјави дека Том Хенкс е стварно еден прекрасен човек и тоа нема смисла.

Во последното од серијата обвинувања за Оскаровецот Том Хенкс, актерката Вероника Ворен, во четвртокот откри дека Том Хенкс бил екстремно мил со нејзе на снимањето на „Кодот на Да Винчи” во 2006-та.

„Ми даде половина од сендвичот кога виде дека храната ни се троши,” рече Ворен, која во тоа време имаше само 17 години. „И не беше само тогаш. Цело време додека бев на снимањето, постојано ми се откриваше како ужасно пристојно човечко суштество.”

Ворен е само една од многуте актерки кои решаваат да прозборат на темата, и тоа само неколку дена откако Зои Тановиц се присети на денот кога Хенкс ѝ влегол во гардеробата и почнал да ѝ пее и да танцува како честитка за роденден. Актерката Џорџа Морено, која со Том Хенкс играше во „Зелената милја”, минатиот месец изјави дека актерот редовно се наметнувал на екипата, инсистирајќи да им помогне да ја чистат опремата после снимање.

”Цело време му викавме да престане, дека е навистина премногу фин,” рече Ворен. „Но тој беше упорен.”

Како одговор на обвинувањата, портпаролот на Хенкс рече дека тој е недостапен за коментар, бидејќи е на пат, во хуманитарна мисија да помага на жртвите од суша во Сомалија.

11 ноември 2017 - 15:09