Уметничко заебување на системот

Двоен портрет како метафора за Русија: Портрет во природна големина на Ленин од 1924-та, насликан на задната страна на портрет на Цар Николај II од 1896-та.

Го нашле кога од Основното училиште бр. 206 во Санкт Петерсбург побарале од академијата Стиглиц да им го реставрираат портретот од Ленин кој го насликал советскиот уметник Владислав Измаилович, бидејќи бил искинат на дното.

(Инаку зградата наречена Основно училиште бр. 206 порано била под закрила на царското семејство и внатре имало портрети од Цар Павел и Цар Петар додека Советите не ги уништиле.)

Портретот на Ленин бил насликан за време на „апсолутно уникатен момент во историјата”, според Александар Константинович Злобин, директор на одделот за сликарство и реставрација на уметност при академијата.

Татиана Леонидовна Позелијева, професорка по реставрација на уметност прва го прегледала платното:

„Кога ја извадивме рамката, видовме сиво-бела боја која се разложува со вода и ја чува сликата под нејзе. Рамката била факторот што всушност го спасил портретот на Николај од советските сили.”

Одлуката да се продолжи со процесот на реставрација настанала после рендгенско снимање на сликата, кое „ги шокирало до степен на хумор, кога откриле дека главата на Николај е речиси со иста големина и поставеност како на Ленин,” што ги потврдило нивните сомнежи дека има цел портрет под сето тоа.

После малку сапун и вода, излегол исклучително зачуван портрет, потпишан од рускиот уметник Илија Галкин Савич.

Вклучените експерти сметаат дека Измаилович во 1924-та сликал преку првото дело, кое уште било во рамката, како „итен чин на заштита и симпатија кон империјалната ера.”

После три години поминати во реставрација, делото е конечно спремно за пред народ.

Од други врвни уметнички спуштања и заебанции за силеџии полни иронија, имавме и за: Сликарот кој успеа да го насамари Геринг.

6 октомври 2019 - 20:31