Туторијал за шминка од пред 70 години

Наспроти денешниот наратив дека жените се доволно убави такви какви што се, а шминката е вештачка работа, пред 70 години, туторијал за шминка (кој оди на телевизија!) почнува со „Не постои жена на светов што не може да се направи да биде поубава.”

Пробај тоа јавно да го кажеш денес, има да те изедат борци за социјална правда, особено специјализирани за женска убавина. Интересно е како недокваканите меѓу нив брзаат да се истопорат дека „жената е совршена и може да биде што сака и каква сака”, за веднаш потоа да се излајат како нашминканите и средените се вештачки. 

Сакаат да кажат, тие што обрнуваат повеќе внимание на својот изглед се по дифолт попразни од тие што „немаат време да се бават со такви работи.” Ова е малце пораз во денешно време кога шминката се вбројува меѓу уметности и кога се користи за постигнување неверојатни резултати, од веќе озлогласеното „покривање недостатоци”, до користење на лицето буквално како платно за следното уметничко дело.

А не е далеку од вистината овој шминкер и водител што е застанат да мудрува пред публика од, божем, неинформирани жени.

Вели, „Со нанесување на овие основни работи, жената добива комплетна контрола над себе и со тоа го уништува недостатокот на самодоверба. А со уништувањето на недостатокот на самодоверба, развива сосема нов карактер.”

После тоа ќе потреска малку, ама главно интересното е да се види како ова функционирало во 1950-ти кога нема Јутјуб, туку сцена, доброволци, рамки зад кои што застануваат за „пред” и „потоа” слика и без да мораат да мислат дали оние со правоаголно лице ќе се навредат кога пред сите ќе се каже дека „овалното лице е најсовршено.”

8 март 2019 - 00:00