Стјуардесите на Вирџин не мораат веќе да се шминкаат

Кога ќе ти текне колку рано стануваат, може и да е за поздрав. Истовремено е меч со две острици, рано станување и непокривање на тоа исто рано станување со шминка, може да биде страшничко.

Вработените кои сакаат да носат козметика, вклучувајќи и кармин и пудра можат да го прават тоа во рамки на палетата на бои на компанијата. Според портпаролот на авио-компанијата:

„Нашата светски позната црвена униформа е нешто со кое сите во Вирџин Атлантик се гордееме. Како компанија, отсекогаш сме се издвојувале од останатите и сме ги правеле работите на поинаков начин од другите во индустријата.

Сакаме нашата униформа во целост да нè рефлектира какви сме како индивидуи иако го задржуваме славниот Вирџин Атлантик стил. Ги слушаме мислењата на нашите луѓе и како резултат, воведовме промени во политиката за стилизирање.

Не само што новите правила нудат поголем комфор, туку им овозможуваат на луѓето од нашиот тим поголем избор во начинот на кој сакаат да се изразат на работа. Помагање на луѓето да бидат она што се е основата на нашата желба да бидеме најсаканата компанија за патување.”

„Не морате шминка” не му викаат само на персоналот во авион, туку и тие што остануваат на земја. Сите жени можат да изберат и панталони ако сакаат и ќе бидат обезбедени како стандард при вработување.

Во 2011-та, списанието ХЏ ја интервјуираше шминкерката Мим Олгуд и професионалната фризерка Хелен Кавано за нивната улога за разубавување во Вирџин. Меѓу другото, и двете кажаа дека косата не треба да има видлив корен, не смее да се фарба во основни бои, а шишките не можат да бидат долги до под веѓите, на пример.

Според Кавано, „Стјуардесите ја претставуваат компанијата од моментот кога ќе ја облечат униформата, а нам ни е работа да се осигураме дека ќе бидат средени и ќе го промовираат брендот како гламурозен, а истовремено современ.”

Сега може ќе земат воздух малку, ете. 

Да се земе со резерва. По цела недела да правиш качи се - симни се, ваков воздух - онаков воздух, стани во 4 сабајле, стани во 3, не легнувај... Некако сама ќе се фатиш за шминката, што знам?

11 март 2019 - 01:18