Westerosi Rhapsody

Спремете се за епско видео

Постои ли начин некако да не звучи клише дека е овде споено најдоброто од музиката со најдоброто од телевизија? Некој измонтирал кадри од сите седум сезони на „Игра на тронови“ до сега, и ги појачал со музика од Bohemian Rhapsody, и текст преполн со спојлери, така што, ако не сте во тек, ич, ама ич не отварајте. Ама ако сте до седма сезона, четврта епизода, тогаш може.

(Добро, најдоброто од музиката и телевизијата е тема за една сигурно пријатна дискусија, ама ај, гледајте спот.)

Ова исто може да се покаже на некој што ќе те праша „и што се работи во ГоТ“, со очигледна полузаинтересираност и без намера да гледа.

Еве нека види.

9 август 2017 - 13:09