Skip-Care третман за лице и зошто да

Завршува времето на седумсточетрнаесет средства за нега на лице пред спиење.

Заради Кореја е популарна рутината составена од седум чекори, кога ставаш спрејови, есенции, масла, серуми и слични работи за нега на кожа. И затоа што сите ја пробаа, се појавија и проблеми - кај многумина, рутината предизвикува затворени пори, иритација и слични други несакани и непоканети кожни глупоштини.

Затоа на ред сега доаѓа skip-care трендот: баш како што звучи, се налага да се прескокнат одредени чекори и одредени непотребни производи, и ова пак доаѓа од Корејци. Инстаграм е преплавен со хаштагот, а најдоброто во целава работа е што е одобрено од експерти.

„Да наставаш седум или десет производи еден врз друг секое утро и секоја вечер отсекогаш ми беше претерување и сигурен начин да предизвикаш иритација на кожата,” вели дерматолошки консултант од Лондон, Д-р Џастин Клук. „Затоа има смисла да се сведе рутината за нега на кожа на основните производи. Секогаш им кажувам на моите пациенти да се држат до едноставност, но ова не значи дека треба да баталиш и производи што ти требаат.”

Значи, кои производи треба да се користат? „Наутро, користете тоник за чистење, серум со антиоксиданси и крема со заштитен фактор,” вели д-р Клук.

По милионити пат, заштита од сонце е неверојатно важен дел од утринската рутина. Неодамна, истражувања покажаа дека заштитата во кремата за лице може да не е доволна, па ви треба и посебен производ кој ќе го нанесете над кремата.

Навечер, д-р Клук предлага отстранувач на шминка (ако сте носеле шминка во текот на денот), па тоник за чистење на база на вода и витамин А (ретинол) или серум за хидратација или крема. „Во зависност од возраста и приоритетите, производ што содржи пептиди може да се нанесе наутро и навечер околу очите, вратот и деколтето.”

Уште едно истражување ги дава непријатните резултати кои гласат дека „возрасни акни” се шират кај жени над 25 години, па д-р Клук нуди уште некоја мудрост: „Ако имате таков проблем, бегајте од скрабови кои знаат да предизвикаат отоци, болка, црвенило и воспаленија,” објаснува таа. „Избегнувајте масла скроз ако имате митесери и затворени комедони (оние жмучки на кожата што после знаат да се претворат во ѕверови).”

Додава и дека „истото важни за напластување слоеви од различни серуми” и дека секогаш треба да се проверува дали затвораат пори.

Нема проблем, само нека измислуваат Корејците трендови, ние пешки ќе ги учиме зошто треба и зошто не треба.

Како и да е, најпаметно ви е на дерматолог, па тргнете од таму.

8 ноември 2018 - 15:28