Скапо го плаќаме стравот од осаменост

Често носиме чудни одлуки, за кои подоцна можеме да зажалиме, врз основа на еден скриен страв, кој ретко се спомнува: страв да се остане сам.

Може ќе ви дојде познато, како страв: празна куќа, немање со кого да споделиш ни фино, ни грдо, тишина... А сепак, излегува дека понекогаш, подобро е така, отколку да се доведеш до спротивна ситуација, само поради страв да не останеш сам.

Затоа што, погрешните одлуки, и одлуките донесени со страв во равенката, најчесто доведуваат до многу понесреќно секојдневие отколку она од кое се плашиш. А кога би знаеле да препознаеме што е правилно за нас, би си заштедиле многу време во животот. Една од потешките идеи за сфаќање оди вака:

Единствените луѓе што имаат некаква шанса да завршат со партнер што го заслужуваат се оние кои ќе се помират дека е можно навистина да завршат - сами.

Да се објасниме: 

Ако не си помирен дека можеш да останеш сам, тогаш големи се шансите упорно да бараш друштво, во каква и да е форма; заради тоа, имаш тенденција да се помируваш со луѓе и карактери кои се далеку од идеални, особено за тебе, само затоа што се плашиш да не останеш сам; таа одлука ќе те донесе во друштво на човек што можеби не е твој.

Од друга страна, ако сфатиш дека да останеш сам е во ред, критериумите ти се качуваат: не може секој да ти биде дел од животот. Со високи критериуми (лично твои), многу се поголеми шансите да го најдеш човекот што ти одговара, без притоа да мораш да правиш сериозни компромиси, кои на долги патеки ќе придонесат кон недостаток од некои задоволства во животот.

Затоа е и добредојдено предупредувањето: Скапо го плаќаме стравот од осаменост. Ама, има време за поправка:

15 јануари 2020 - 12:37