Сината светлина од телефонот создава брчки

Знаеме дека изложување на сонце и загадувачи ја оштетува кожата. Она што не го знаевме е колку всушност може да штети сината светлина. Каква грозна вест.

Секој ден се изложуваме на сина светлина, позната и како HEVL (high energy visible light - високоенергетска видлива светлина) која ја емитуваат телевизори, компјутери и екрани од мобилни телефони. И, за жал, како малце да ни беа УВ-зраците од сонцето, и овој тип на светлина може да го влоши квалитетот на кожата. Постојат докази дека високоенергетските квалитети на кратки бранови од овој тип на светлина полесно навлегуваат во кожата, предизвикувајќи воспаленија, хиперпигментација и разложување на колагенот и еластинот кои се составен дел од здравата кожа.

А, губиме секако, со оглед на тоа што технологијата е сè поважен дел од животот и работата (сите тие саати поминати на мобилен, мејлови напишани, книги исчитани на Киндл пред спиење!). За среќа, на брендовите им текнува дека можат да извадат баш производи кои помагаат за ова и се борат со сината светлина и оксидативниот товар што го произведува. Главно ви требаат производи со антиоксиданти и така кожата би била позаштитена. Повеќето што ги произведуваат на оваа тема, содржат и заштитен фактор за УВ и заштита од други типови на загадување, па веќе кога се инвестира, да биде добра инвестицијата.

Затоа, следниот пат би требало да сме повнимателни во изборот на козметика за лице, со тоа што, видете што има по аптеки. А ако шетате негде, или начекате некој што ви живее надвор, видете дали можете да го набавите следното:

Дисклејмерот за крај е дека ова звучи точно како на некој big giant head да му текнало на нова Баба Рога, па брзо-брзо да купуваме скапи производи. Реалноста е дека ваше е дали ви се ризикува. Сè што може да се направи е добро да се истражи пазарот и да се проверат производи што содржат сè што е потребно, а не коштаат бубрег.

12 април 2019 - 15:02