Неделна доза ентериер:

Што се добива во Њујорк за 3750 долари?

Историја. Се добива многу историја.

И поарно би ви било многу да ви значи таа историја, затоа што многу е можно да треба да ви надокнади за фактот што ентериерот е тотален хаос, а деталите не придонесуваат богзнае колку на шармот. Најверојатно затоа што, за разлика од други ентериери на кои сме се воодушевувале тука (како станот на Ејми Седарис на пример), овие станари не се богзнае колку потресени за нивниот. Од друга страна - немаат ни многу опции.

За 3750 долари (3340 евра) месечно, добиваат стан во нешто што некогаш било бордел, а пред да биде бордел било фабрика за сладолед. Колку сме ние слаби со вакви локации!

Има два влеза (од кои едниот во време на фабриката служел за дотур на роба, а во време на борделот бил приватен влез) и на толкава квадратура и неколку спрата - само една врата - фала богу, на бањата.

Остатокот е чуден розев тепих, отворени простори, скали што нејќеш баш да ги гледаш кога ќе станеш во сред ноќ за мочање (а си пиел вечерта) и ствари што чинат по неколку илјади долари, а тие ги нашле за беспари на Крегслист.

11 април 2019 - 00:00