Што има на распродажба кај Лагерфелд

Еве ви идеја за во слободно време. Отворете karl.com, изберете си категорија и почнете со списоче. Овој пат гледаме во 'Распродажба'.

Кога од Вог ја прашаа Донатела Версаче кој е најдобриот дизајнер на сите времиња, одговорот беше: Лагерфелд. Не е тешко да се согласи човек, напротив.

Мини ташна Kuilted Caviar, на 50% попуст, од 445 на 222 евра.

„Комбинација на безвременски стил и рок-шик естетика.”

Селфи марама, на 50% попуст, од 125 на 62 евра.

Се разбира дека ни треба марама со шари од Карл и неговото маче си прават селфи. Мачето, патем, има 108.000 следачи на Инстаграм.

Soiree Glitter сандали со отворени прсти, на 50% попуст, од 195 на 97 евра.

„Инспирирани од ’70-ти, со платформа и сиви светки, сандалите се точно тоа што ви треба за журкање.” И ова е најверојатно точно, затоа што личат на такви удобни за стоење цела вечер.

Маска за Ајфон, на 50% попуст, од 25 на 12 евра.

Компатибилна со 6ки и 7ци.

Ланче, (па, синџир) на 30% попуст, од 599 на 419 евра.

Со Сваровски кристали и хематит.

IKONIK PUNTO сако, на 50% попуст, од 295 на 147 евра.

„Машки” капут (клик на линкот, за да го видите позади), на 50% попуст, од 695 на 347 евра.

И така. Повелете и друг пат.

 

8 февруари 2018 - 12:37