Што ѝ рече Мерилин на Џоан Колинс

„Пази се од волците.”

После три години снимање дома, Џоан Колинс на 21 оди во Холивуд да ја почне кариерата што ние ја знаеме. Во тоа време хараат одвратни луѓе заштитени од моќ и пари за кои жените се уште еден украс на журка - имено, на една таква журка двајца познати холивудски ликови што Колинс не смее да ги каже од правни причини, ја имаат раздрапано за маица. 

На една таква журка кај Џин Кели дома, Колинс ја среќава Мерилин Монро, која во тоа време е „веќе стара” за некои улоги, затоа што - ејџизам. И тогаш ѝ кажува „Пази се од волците во Холивуд, мила.”

Колинс, како и секоја млада и нова зелка, вика „знам, знам, имам снимано веќе британски филмови”, на што Мерилин и вика нешто од типот на „Остај ти таа работа.”

Раскажува и дека гадни, стари и дебели мажи злоупотребиле многу, многу актерки (и Мерилин била една од нив), со финти како „Ти гарантирам дека ќе бидеш прва на список за сите главни улоги на Twentieth Century Fox, ама да доаѓам кај тебе 2-3 пати неделно, знаеш, јас сум еден згоден маж...”

И ова вака трае како манифестација на кастинг кауч што нема врска со порно, а престанува (ако воопшто престанува) дури скоро, откако изби Вајнстин скандалот.

Да не заборавиме како Вуди Ален („страшниот еднократен педофил”, како да е еднократен можно кај педофилија) суптилно ги издаде во „Холивудски крај”: Мислејќи дека може кај него така, една од актерките му доаѓа во гардероба и му вика 'Спремна сум да направам многу работи за улога'. Ликот на Вуди ѝ вика, 'О, па ти далеку ќе стигнеш во Холивуд.'

Кои се волците?

Мајер од МГМ со Џуди Гарланд.

Џејмс Франко.

Вајнстин насекаде:

Со Асиа Арџенто (што малку си ги голтна зборовите)

Со Селма Хајек.

Со уште многу, многу други

И како му успевало.

И како го криеја.

И не е само таму:

Во спорт.

И политика.

И освен Мајер, сè е во време кога свињите треба малку и да пазат. А замислете како било од '20-ти до '60-ти.

Греота и волците да ги споредуваш, барем имаат достоинство.

14 ноември 2019 - 14:51