Не дека е некое измислување топла вода, ама фино е да се размисли. Само што, и фармерки за 20 евра некогаш знаат да бидат најдобрите што ги имаме во плакар. И да не се забележува некоја посебна разлика меѓу нив, и да речеме фармерки од 100 евра.
Тин Вог има видео за разликата меѓу првите и вторите, плус денес ќе учиме дека постои нешто што се вика „експерт за тексас.”
Експерт за тексас, бе. Кога и како ли стигна да се појави потреба од таа професија? И мора ли овој да е така глупо застанат и облечен?
На страна естетските проблеми на експертот за тексас, да видиме дали имаме аргументи за инвестиција во скапи фармерки (најверојатно да).