Што е финтата со шеширот што Меланија Трамп го носеше во Африка?

Не е можно до толку да немаат некој задолжен за предвидување на „навреденост” во протокол. Или имаат и се такмичат кој ќе ја намести Меланија за поголема глупост.

Некои работи се глупи, ама проаѓаат. И често би прошле незабележано да не добиваат на тежина со оглед на тоа што ги носи Првата дама на една од највлијателните сили на светот. Со најпопуларниот лидер на светот. Еве, Меланија отиде на соло посета во Африка и ја сликале со едно што се вика pith helmet.

Бел pith helmet е проблем, бидејќи е „стил кој алудира на години насилно потчинување и ширење опресија под Европското колонијално владеење.”

Незгодно.

Понатаму, како што сме навикнати од светот денес, има уште неколку моменти за општо вреѓање. Некои претерани, некои баш така, стварно непријатни.

На пример, не мораше балетанки од „егзотична” кожа.

Една калифорниска професорка по Африканска политика го започна хаштагот, #FLOTUSinAfricaBingo, не толку за да подигне свест околу тоа што е навредливо, а што не е кога се оди во Африка (затоа што не знаат сите), туку повеќе за светот полесно да може да ја ремети Меланија. Ај, како така, ќе научиме.

Меланија прва ќе научи, со оглед на тоа што никој од нејзиниот тим за протокол и ПР, или стилист не успеа да ја заштити од уште едно ПР срање после јакната.

9 октомври 2018 - 09:11