Шминка 2018 - дали машките отсекогаш беа подобри?

Прво на кратко да си ги наброиме во глава локалните шминкери. Да, често се жени. Ама најпопуларните медиумски најприсутните, во последниве 20-тина години? Па, најчесто се мажи.

Марио Дедиванович и Меган Фокс

Се наметнува прашањето, дали отсекогаш машките беа подобри? Дали многу порано ќе ја преземеа индустријата, да не беше товарот наметнат од општеството дека „шминката не е за машки”?

Едно е сигурно. Сега, при крајот на 2018-та, кога anything goes, односно „може све”, а доказите за тоа се кријат по модни писти, по улици и по интернет, мажите конечно немаат никаква пречка да си играат со шминка - и тоа не само на други, туку и на себе.

Џефри Стар, еден од највлијателните мејкап јутјубери, со над 10 милиони претплатници на неговиот канал, почнува како шминкер, а љубовта кон шминката на себе пред 20 години успева да ја реализира со тоа што се носи готски. И никако не можел да предвиди дека нешто за кое што јадел ќотек и навреди по улица ќе му донесе толку МНОГУ милиони долари, што купува ташни од шестцифрени суми „само од реклами на Јутјуб.”

Џефри Стар е инаку царот што ја спушти Кајли Џенер на земја, кога се обиде да ни бутне пазарски четки за шминка за 400 долари.

Второ, Ммммичел. Овде повеќе не се работи ни за разубавување, колку што човекот решил дека - ќе си бои. Мичел ги следи трендовите што ги сервира залетаната козметичка индустрија - и ги бои онака како што него му одговара.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by M M M MITCHELL (@mmmmitchell) on

Без разлика дали ќе истрчате кај првиот шминкер, или шминкерка со видеово, или е нешто што ни во сон не би си го направиле, ќе се согласите дека човекот си работи на очен капак како на платно.

Drag Queen-овите со својот ведар, драматичен, театарски изглед прераснуваат во толку атрактивна категорија за следење, што во Лондон се појавија жени во drag, кои се обидуваат да ја живеат филозофијата на сето тоа, додека ги поместуваат границите околу тоа дали баш мора да си маж за да бидеш драг-квин.

РуПол

Шминката е магична и просто те усисава во тој универзум.

Понатаму, Џон Меклејн. Не Брус Вилис во „Умри машки”, туку јутјуберот Џон Меклејн.

Да, ова е Џон Меклејн.

Тројца мажи, (плус драг шминка како пример), служат за пример дека маж со шминка не е „транџа во сумњив клуб”, туку тројца различни луѓе, апсолутно над родови норми, со различно чувство за естетика, незагрозени од сè уште интензивно нафурано општество.

И тоа сè само од групата што и на себе користи шминка.

Во другата група се тие што не ги интересира многу да се шминкаат. Ама шминкаат луѓе како Ким Кардашијан. Во ред, ако не ви е пример Ким Кардашијан, тогаш Изабела Роселини нека ви биде.

А не е ни само таа категорија.

Кај се театарски шминкери - мажи.

Кај се телевизиски (знаете ли колку шминка треба за екипата на Saturday Night Live?)

Многу, многу често - мажи.

И се разбира, Кевин Окуан. Погледнете го трејлерот за биографскиот филм за Кевин Окуан, и избројте колку (и кои!) жени го изговараат неговото име со љубов:

На крај, како и сè друго во животот, ќе затвориме со поентата дека не може да се ограничи уметноста на пол, се разбира. Еден драг пријател-шминкер, го срочи тоа многу фино:

„Мислам дека мотивацијата кај мажите да станат шминкери е дефинитивно позначајна, па можен е и подоминантен талент. Но, не мора да значи.”

Затоа што, сепак постои и Lipsticknick:

Онака, something to pick your brain.

5 октомври 2018 - 18:26