Сезона на панди и црнила околу очи

Сега откако дознавме дека дојде времето на катраносани очи (читај: дебели линии со молив околу очи и тон маскара), ред е да научиме како се прави тоа.

2017-та беше година кога Јутјуб сакаше сите да научиме да се шминкаме како да нè чинело 100 евра.

2018-та не ни е до толку маќеа.

Иако треба посебна вештина и години вежбање за совршено нанесување на молив/туш за очи, помислете само колку се олеснува работата кога ќе ви текне дека освен да ги поминете капаците со неутрална сенка - ви треба само четка и црно.

Сем Чепман од @pixiwoo, е уверена дека ќе ни биде лесно, само треба да ја следиме што прави. Па после вие видете дали ќе сакате црвено или неутрално на уста. 

Pixiwoo ви е еден од оние канали што не плескаат видеа на секој саат - го водат две професионални шминкерки веќе 10 години, ставаат квалитетна содржина и прават публиката да се чувствува како на кафе со нив, додека даваат инструкции.

Уствари, ќе видите. Резултатот е врв.

13 април 2018 - 14:44