Сексот со ментално нестабилни жени е наводно подобар

Ниедна жена нема намера свесно да влезе во категоријата „лудача”, но сепак, знаеме дека се случува. Се губи памет по некого, па се прават ствари што не би ти паднале на памет на „трезно”. Тука влегуваат и реални проблеми со менталното здравје кои само придонесуваат кон целиот тој хаос. Непријатната вест е што постои тврдење дека на мажите сето ова, макар и ненамерно - им одговара.

Едно ново истражување објавено во Journal of Sex Research открива дека мажите со партнерки кои „имале послаба емотивна стабилност подобро функционираат сексуално”, а „поголеми несогласувања со сексуалниот партнер предвидуваат подобро сексуално функционирање кај жените.”

Ти треба и добар дечко

Истото истражување укажува и на тоа дека „мажите кои се темелни и одговорни може да чувствуваат потреба да ја задоволат партнерката сексуално, што повторно води кон подобро сексуално функционирање.”

Не е јасно дали е ова важи за сите

Наодите се резултат на интервјуа со доброволци кои зборувале за нивниот сексуален живот, начинот на сексуално функционирање и нивните карактери. Просечната возраст на учесниците е 51 година и сите биле во сериозна врска во просек по 24 години. Ваквата статистика би била поинаква кога истражувањето би вклучувало миленијалци, но сепак резултатите се доста вознемирувачки од повеќе причини, од кои главната има врска со тоа како мажите пристапуваат кон проблемите на нивните партнерки.

Самата помисла вознемирува

Не е тешко да се замисли дека една од причините поради кои на мажите им се допаѓа сексот со жени кои не се снаоѓаат совршено во животот - е дека жените се полесни за манипулација. Еве на пример, помислете на периоди кога сте се справувале со професионална пречка или загуба. Таквата ситуација го менува начинот на размислување и делување и те прави поранлива по дифолт. Пристоен дечко повеќе би сакал да те утеши и да ти помогне да го надминеш тоа, отколку да дознае дали те бива во кревет (или дали си расположена за тоа воопшто), но ова истражување го докажува баш спротивното.

Заклучокот е дека треба да се стремиме кон среќни, здрави и консензуални сексуални средби. Не можеме да знаеме која била мотивацијата зад реакцијата на секој од учесниците, но сепак, нели би требало да тежнееме кон добар секс со партнери кои со тоа се согласуваат и се здрави на секој можен начин? Ова не значи дека жените кои имаат проблеми со менталното здравје не смеат да уживаат во сексот, напротив - идејата дека може да се претпочита секс со нестабилни жени од овие причини е она што е проблематично.

3 декември 2018 - 13:56