Себично е да не сакаш да имаш дете?

За сите што сте се осмелиле да кажете гласно „не сакам да раѓам”, и за сите што сте се осмелиле да солите памет со „како не ти е срам, себична една”, Ана Бучевиќ има нешто да ви каже.

Сите сте себични. Ама едните од вас се посебични од другите. Погодете кој е кој.

Без многу одолговлекување, гледајте го цело. И овој пат јазикот сите го разбираме.

А читнете ги и коментарите под видеото.

И пред да побрзате да не го есапите ова излагање, битно е да знаете: Ана Бучевиќ има две деца.

А може и не е така битно.

Бркајте работа, во најдобрата смисла на зборот.

12 септември 2018 - 16:03