Сандали одобрени од борците за социјална правда

Во моментов, на светскиот пазар победува брендот што ќе понуди највеќе нијанси од производот, за секакви бои на кожа.

До сега, ова беше најчесто резервирано за пудри за лице. На Јутјуб, брендовите што вадеа 4-5 нијанси беа вербално влечкани по земја, додека тие со по 30 добиваа најдобри критики. Победи Ријана со цели 40. Кој би рекол дека ќе им текне и за кондури?

Им текна во Christian Louboutin.

Nude, или „голо” кај облека досега најчесто беше боја слична на кожата на белец и така варираа и нијансите. Ама кога веќе светот е во сериозен натпревар кој ќе израдува најмногу раси, Louboutin решава да извади сандали што ќе израдуваат и Норвежанки и Нигеријки.

Но, да ги баталиме овие филозофии и да заклучиме една работа:

Сандалите се многу добри.

Ги има во две варијанти, Christeriva и Cherrysandal, а чисто како информација ако баш сакате да се почастите, чинат нешто под 900 долари.

Еве ги Christeriva, 875 долари.

Еве ги Cherrysandal, за 895.

За разлика од оваа среќна приказна, Dove не успеа така лесно да се извади.

11 октомври 2017 - 19:13