Еве зошто:

Ешли Греам, амбасадор на новиот концепт за убавина

„Сакај се себеси, освен ако немаш подобра идеја.“ Вака од прилика би можеле да се сумираат двете ипол минути подоле со Ешли Греам, „дебелата“ манекенка што добива коментари од типот „доста се трудиш да направиш дебелото да изгледа супер, ќе убиеш некого.“ А многу е блиску до совршена жена - не знае само да готви.

Летово, Греам, која има 29 години е блиску до Њујорк, после неколку месеци поминати во Лос Анџелес, каде што се расфрлаше со реални муабети како судија на America’s Next Top Model. Помалку од две години пред тоа, со некакви алхемии од убавина, среќа и волја станува првиот модел со етикети на гардеробата како 14 и 16, покажувајќи ја нејзината сјајна кожа на насловната на Спортс Илустрејтед. Сега во март бидна прва манекенка „во таа величина“ што се појавила на Вог (во неговата 125-годишна историја), па после колекции на долна облека, предавања на TEDx, па станува еден вид миленијална Опра за боди имиџ („и ти добиваш самодоверба, и ти добиваш самодоверба и ти добиваш самодоверба!). И на све ова, има дизајнери што одбиваат да ја облекуваат, бе!

Терминот „супермодел“ како да не е искористен како што треба од рани ’90-ти па наваму, од времето на Синди, Наоми, Линди, Кристи, Клаудија. Мажите сакаа да спијат со нив, жените сакаа да бидат како нив или барем да се дружат, па и да поспијат, ако не. Глобалните модни куќи сакаа да ги облекуваат, а огласувачите сакаа да ги клонираат. Тоа не значи дека врвот на манекенството денес е ослободено од карактер (имаме Кара Делевин, имаме Џордан Дан), па имаме категории, од безлична, до бразилска, ама никој ни до колена не им дошол на оние првите.

НО! Греам е своја сопствена категорија, не само како првата plus-size супермоделка, туку можеби и највозбудливата што излегла од ’90-ти наваму. На Инстаграм ја следат 4.7 милиони (помалку од сестрите Џенер и Хадид). Луѓето реагираат со „Ааа, дебелата манекенка, така?“ но во основа, Греам е еден првиот, најодликуван, мејнстрим амбасадор на движењето за новиот тип убавина, кој полека мрда од културните норми и не доаѓа од идејата на модните уредници за тоа како треба да изгледа едно тело, туку од идејата на обичниот народ.

8 август 2017 - 12:39