Редот пред женски тоалет е феминистички проблем

Не ни треба еднаквост кај јавните тоалети - жените ги користат подолго и од повеќе причини.

Не е само за кармин ставање - тоа е веќа досадна финта што налага дека еден куп жени се редат пред врата само за да се дотеруваат. Едноставно, повеќе жени има во тоалет и подолго време се таму. Жените празнат бешики почесто од мажите и им треба подолго да ги испразнат - просекот на мочање од почеток до крај кај мажите е 60 секунди, кај жените 90. Исто така, жените го посетуваат тоалетот од повеќе причини, како на пример менување улошки и тампони и почесто придружуваат деца и возрасни на кои им треба помош.

Значи заради крвишта, бешики и бебиња, жените имаат два или три пати повеќе потреби од мажите, само за да се изедначи времето на чекање. Но, и кај вообичаените јавни тоалети, на мажите им е повторно поудобно - таму каде што собира 5 писоари, собира само 3 кабини со тоалетна школка. Ова значи дека не само што жените губат часови од животот чекајќи ред туку и не можат да ги користат тоалетите на ист начин како мажите. Проблемот е кај планирањето на просторот и дизајнот - во свет каде што често мажи дизајнираат, ако не провериш и не истражиш како се снаоѓаат тие што различно функционираат од тебе - светот на крај останува - само за тебе.

Дали е ова намерно? Се разбира дека не. Ниеден тазе дипломец на архитектура не си вика „Едвај чекам да најдам работа и да ги заебам жените.” Но, овде лежи саботажата - решението за женските тоалети е добро познато. Се вика тоалетна еднаквост и се работи за правно или кодификувано нивелирање одговорот на потребите за мочање, во сооднос 2:1 или 3:1 во корист на жените. Во Велика Британија, тоалетната еднаквост е едно оптимистичко упатство при изградба на објекти. Во Канада и Америка, се бара само во нови градби или при темелно реновирање на стари.

А чекорите до масовно одговарање на овие проблеми се бавни. Некаде решаваат да направат тоалети што не се ограничени на пол, но сепак, тоа сè уште значи ред и нема поголем број на кабини за жени. Некаде, соочени со прашањето зошто толку да се чека ред, инсистираат дека е внимавано, и тоа со индигнација, како на аеродромот во Цирих, на пример.

Затоа и останува како проблем, и тоа феминистички, фактот што насекаде во јавност, жените ќе мора малце да почекаат. И дека треба социјална промена - треба.

14 ноември 2019 - 12:03