Реална реклама за детска облека

Пригодно, почнуваат попустите.

Постои ли поубав начин да се помине времето во јануари, од тоа да си го облекуваш детето за излегување?

Се разбира дека постои. Сте облекувале ли мало дете досега, особено во зимска облека? 

Хорор.

Затоа што децата носат џемпери „што ги боцкаат”.

Чизми што додека да ги облечеш веќе нема потреба да одиш на гости затоа што е полноќ.

И панталони „што боцкаат”.

Кондурчиња што стегаат и им даваат идеи дека е супер да се седи на ладни скали пред врата додека не дозволиш да ги соблечат.

Шал што „прави жешко”. И капа.

Ракавици што се губат.

Патики што ви го растураат бракот.

И една од појаките работи што им текнала на СНЛ: Маичка со погрешната принцеза, што предизвикува однесување како сирена, и тоа не принцезата сирена.

10 јануари 2020 - 14:37